Литвиненко беше агент на МИ-6

Пет години по смртта на поранешниот агент на руската тајна служба Александар Литвиненко во Лондон, неговите правни застапници откриваат дека тој бил на платниот список на британската МИ-6. Смртта на Литвиненко, која според единствената верзија, настанала со труење со радиоактивен полониум-210, веднаш е искористена за темелна и долга антируска медиумска кампања.

Гробот на Александар Литвиненко во Лондон. Фотографија: Peter Pelisek.

Поранешниот офицер на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија Александар Литвиненко, кој умре во 2006 во Лондон, бил платен агент на британските и на шпанските разузнавачки служби. Ова во четвртокот на расправата пред отворањето на истрагата за смртта на поранешниот офицер го соопшти адвокатот Бен Емерсон, кој ја застапува вдовицата на Литвиненко, Марина.

„Александар Литвиненко бил регистриран платен агент на МИ-6, а негова врска бил агентот под псевдоним Мартин... Преку Мартин тој се поврзал со шпанските разузнавачки служби... Работата за британските и а шпанските разузнавачки служби била плаќана со пари кои биле префрлани на банкарската сметка на Александар и Марина Литвиненко, додека некои плаќале и во готово“, рече Емерсон. 

Тој исто така соопшти дека Литвиненко се сретнал со Мартин на 31 октомври 2006, ден наспроти труењето и дека истиот тој Мартин ќе биде повикан како сведок да учествува во предистражната постапка, пренесува РИА „Новости“. 

Како што соопштува vz.ru, поранешниот офицер на ФСБ на Русија, Литвиненко, кој во 2000 пребегна во Велика Британија, умрел на 23 ноември 2006 во 44 година од животот, набргу по добивањето британско државјанство.

Истрагата за смртта на Литвиненко ја води антитерористичкиот оддел на Скотланд јард. Сите информации поврзани со причините за смртта на Литвиненко се држат во тајност.

Се сметаше дека тој е еден од најблиските соработници на пребеганиот руски бизнисмен Борис Березовски. 

По смртта на Литвиненко британските агенции за заштита на здравјето тврдеа дека во неговиот организам нашле големи количества од радиоактивниот елемент полонијум-210. Но, ден пред смртта на Литвиненко, неговиот лекар велеше дека нема никакви знаци на труење со радиоактивни супстанци. 

По обдукцијата не е обелоденет официјалниот заклучок од медицинската експертиза, иако од денот на смртта поминаа повеќе од шест години. 

Истрагата за смртта на Литвиненко ја води антитерористичкиот оддел на Скотланд јард. Сите информации поврзани со причините за смртта на Литвиненко се држат во тајност. 

Истрагата за смртта на Литвиненко ја води антитерористичкиот оддел на Скотланд јард. Сите информации поврзани со причините за смртта на Литвиненко се држат во тајност.

Смртта на поранешниот офицер на ФСБ беше искористена за поттикнување антируска кампања во многу западни земји. 

По обдукцијата не е обелоденет официјалниот заклучок од медицинската експертиза, иако од денот на смртта поминаа повеќе од шест години.

За неговата смрт се обвинети руските тајни служби, а конкретно е обвинет Андреј Луговој. Смртта на Литвиненко доведе до нагло заострување на односите помеѓу Москва и Лондон. 

Таткото на Литвиненко, Валтер, претходно ги обвини руските власти за смртта на својот син, но на почетокот на оваа година го нарече сина си предавник и изрази желба да се врати во Русија. Валтер Литвиненко рече дека го сменил мислењето за сина си кога дознал дека во сета оваа работа, по сè изгледа, е вмешана британската разузнавачка служба. Валтер ја замоли својата Татковина за прошка и изрази желба да се врати дома. 

Оригиналната статија можете да ја најдете на vz.ru.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња