Вовед во Пелевин

Детаљ од плакатот за филмот „Generation П“, снимен според романот на Виктор Пелевин. Извор: kinopoisk.ru.

Детаљ од плакатот за филмот „Generation П“, снимен според романот на Виктор Пелевин. Извор: kinopoisk.ru.

Виктор Пелевин го чита сиот свет како голем современ, а не просто руски писател. Создавајќи ги митовите и легендите на новата Русија, тој ги надмина браќата Стругацки и Лем и ги помножи со Борхес. Запознајте го овој мошне необичен творец.

Виктор Пелевин е гуру на руските читатели. Тоа е веќе официјален став, зашто Интернет-читателите го прогласија Пелевин за прв интелектуалец во земјата, и може да се каже дека тој со своите дела чесно го заслужи тоа звање. Неговите книги веќе две децении им го разубавуваат животот на луѓето, чие минато не било лесно, и за чија економија не е лесно да се зборува.

Пелевин ги демне тековните настани, ја следи секоја, па дури и најмалата промена во животот на руското општество.

Пелевин ги демне тековните настани, ја следи секоја, па дури и најмалата промена во животот на руското општество. Но, наместо историска хроника и чкрабање на актуелни теми, тој создава метафизика на тој живот и притоа користи универзален метод – на пишувањето на своите книги ниже древни теолошки конструкции.

Сите тие се изградени на заеднички филозофски темел. Светот околу нас е направен од вештачки конструкции, а ние сме осудени на талкање во залудна потрага по првобитната, „сурова“ реалност. Сите тие светови не се вистинити, но не може да се каже ниту дека се лажни, барем додека има некој што верува во нив. Секоја верзија на светот постои само во нашата душа, а психичката реалност не знае за лага. 

Така ремек-делото на Пелевин „Чапаев и Празнината“, кој е прв зен-будистички роман во Русија, се гради на неразликувањето на вистинската и измислената реалност. Собирањето и одземањето рамноправно учествуваат во процесот на изработка на измислени светови. Рецептот за создавање такви илузии се состои во тоа што авторот ја зголемува или ја намалува величината и конструкцијата на „визирот“, односно рамката за прозорецот низ кој неговиот јунак го гледа светот. Сето она што е главно, тука се случува на „ламарината“, на границата на различните светови, зашто Виктор Пелевин е поет, филозоф и летописец на граничната зона. Тој се вгнездува на споевите меѓу различни реалности. На местото каде тие се среќаваат, се појавуваат блескави уметнички ефекти, засновани на ситуација во која една слика се придржува за друга и заедно со неа создава трета, која се разликува од правата и од втората.

Виктор Пелевин им е познат на македонските читатели по преводите на српски и на хрватски јазик, додека на македонски, засега, можеме да го читаме само романот „Животот на инсектите“.

Пелевин како писател на преломот меѓу две епохи често во своите текстови вселува јунаци кои истовремено живеат во два света. Советските службеници од расказот „Принцот на Централното планирање“ истовремено живеат во некоја современа компјутерска видеоигра. Лумпен од расказот „Денот на булдожеристите“ е всушност американски шпион, кинескиот селанец Чуан е лидер од Кремљ, а советскиот студент се претвора во волк.

Пелевин успешно влезе во западната литература, но не низ словенската врата. Го читаат во Англија, во Америка, Франција и особено внимателно во Јапонија, но не како руски, ами како современ светски писател.

Границата меѓу световите е недостапна, таа не може да се мине, зашто тие светови, како што тврди авторот-будист, е само проекција на нашата свест. Единствен начин да се мине од една во друга реалност е човекот самиот да се промени, да доживее метаморфоза. Способноста за метаморфоза станува услов за преживување  во нервозна конфузија на фантомската реалност, кои произволно се заменуваат една со друга.

Создавајќи ги митовите и легендите на новата Русија, тој ги надмина браќата Стругацки и Лем и ги помножи со Борхес. Генератор на сатирични фантазии, составен по таква шема, без застој ги „штанца“ дејствијата на неговите саркастични, смешни и бескрајно духовити книги, кои ја следат стварноста од весниците и ја разобличуваат.

Наместо историска хроника и чкрабање на актуелни теми, тој создава метафизика на тој живот и притоа користи универзален метод – на пишувањето на своите книги ниже древни теолошки конструкции.

Сепак, социјалната димензија не е единствена во прозата на Пелевин. Зад сите грчеви на секидневноста се наѕира небото на вечноста, кон кое се стремат сите јунаци на Пелевин. Доживувањата на свеста што лута во потрага по вистината која не може ниту да се искаже, ниту да се премолчи – тоа е она внатрешно, постојано и главно сиже на сите негови дела. Во него, во тоа сиже, се крие тајната на соблазнителноста. Пелевин, како и многу други, гледа сè, знае сè, не верува во ништо, но не пишува како песимист. Напротив, во овој случај тој го цитира Платон и нè убедува дека зад надворешната стварност, која во најдобар случај нуди „повеќечасовен застој на патот, но во дречливо црвено 'Порше'“, постои друга реалност. Каква и да е таа друга реалност, и како и да се нарекува таа, нејзиното очекување е најдобар празничен подарок на верните читатели, кои како сите јунаци на Пелевин „едноставно сакаат нешто чудесно, нешто од кое сѐ ќе се промени“. 

Пелевин успешно влезе во западната литература, но не низ словенската врата. Го читаат во Англија, во Америка, Франција и особено внимателно во Јапонија, но не како руски, ами како современ светски писател. Реалиите од советската стварност не го доведоа во прашање дури ни успехот на „Чапаев“, иако самиот Чапаев како историска личност на Западот е практично непознат. Добрите преводи на новите книги (една од нив во насловот содржи дури и игра со зборови: „Burning Bush”) ќе го вброи Пелевин, заедно со Павиќ и со Мураками, во плејадата мајстори на фантастичниот реализам кој полека се доселува во реалноста на 21 век.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња