„Комерсант“: Русија ќе им одговори на САД во случај на замрзнување на нејзин имот во случајот „ЈУКОС“

Министерството за надворешни работи на Русија упати до американскиот Стејт департмент нота со барање да не се запленува руски имот во врска со случајот „ЈУКОС“, пишува весникот „Комерсант“.

Министерството за надворешни работи на Русија упати до американскиот Стејт департмент нота со барање да не се запленува руски имот во врска со случајот „ЈУКОС“. За ова пишува весникот „Комерсант“ повикувајќи се на писмото на Стејт департментот од кое се гледа позицијата на руското министерство.  

Во јули американскиот Стејт департмент упати писмо до три поранешни функционери на „ЈУКОС“ -  Hulley Enterprises Ltd, Yukos Universal Ltd и Veteran Petroleum Ltd. Во тоа писмо американското министерство информира за позицијата на МНР РФ по повод одлуката на Хашкиот арбитражен суд.

Москва, согласно писмото, одлуката во случајот „ЈУКОС“  ја смета за „незаконска“ и политички ангажирана“, а исто така, стави до знаење дека е подготвена да примени мерки на одговор во случај на замрзнување на руски имот на територијата на САД.

„Секој обид за примена на сигурносни и извршни мерки во однос на рускиот имот што се наоѓа на американска територија ќе бидат сметани од страна на Русија како основа за примена во однос на САД, нивните државјани и правните лица адекватни и сразмерни возвратни чекори“, истакнаа од руското министерство.

Покрај тоа, од МНР додадоа, дека во случај државните органи на САД да ја поддржат одлуката на Хашкиот суд, „на билатералните руско-американски односи уште еднаш ќе им биде нанесен тежок удар“.

Претходно премиерот на Русија Дмитриј Медведев потврди дека се разработува нацрт-закон кој ќе овозможи замрзнување на странски имот на територијата на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.