Русија ја оспорува одлуката за ЈУКОС

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

Русија во Окружниот суд во Хаг поднесе барање за укинување на одлуката на Меѓународниот арбитражен суд, кој во јули 2014 година одлучи ЈУКОС да им исплати на поранешните акционери 50 милијарди американски долари. Според мислењето на руската страна, судот не бил овластен да го разгледува спорот, а во пресметката на загубите биле допуштени грешки.

Руските власти на 28 јануари 2015 година во Окружниот суд во Хаг поднесoa барање за укинување на одлуката на Меѓународниот арбитражен суд, кој во јули 2014 година одлучи ЈУКОС да им исплати на поранешните акционери 50 милијарди американски долари. Ова се вели во изјавата на руското Министерство за финансии, кое е објавено на официјалниот сајт на ресорот. Интересите на поранешните сопственици на нафтената компанија ги претставуваа три офшори: Yukos Universal, Hulley Enterprises и Veteran Petroleum. Според одлуката на судот, руските власти ја прекршиле Енергетската повелба – рамковен договор кој ги определува правните норми на инвестициите во горивно-енергетскиот комплекс со тоа што во 2004 година де факто помогнале во експропријација на нафтената компанија во полза на државната „Роснефт“. Сепак, според мислењето на руската страна, Хашкиот арбитражен суд не е овластен да го разгледува спорот, а во пресметката на загубите се направени грешки. 

Основата на спорот 

Како пресудата за ЈУКОС ќе влијае врз Русија?
Поранешните акционери во некогашната најголема руска нафтена компанија ЈУКОС го добија предметот против Русија во Арбитражниот суд во Хаг, со што добија 50 милијарди американски долари. Доколку Русија не успее да ја докаже својата правдина во апелација, тогаш на барање на тужителите може да се конфискува кој било имот на земјата во странство, а кое не се користи за владини потреби.

Како што објаснуваат во Министерството за финансии, договорот ги штити само странските инвестиции, а спорот беше инициран од руски државјани, кои контролираат три офшор-компании. Значи, спорот треба да се решава како внатрешен, се вели во барањето на Русија. Освен тоа, според мислењето на руската страна, позицијата на арбитражата противречи на Европскиот суд за човекови права кој во септември 2011 година не виде политички мотивации или нарушувања во даночните побарувања од ЈУКОС.

Како што објаснува за „Руска реч на македонски“ доцентот на катедрата за државно-правни дисциплини при Руската академија за народно стопанство и државна администрација Кира Сазонова, позицијата на Русија во однос на обжалувањето на случајот ЈУКОС се држи на „три кита“. Како прво, тужбата била поднесена во арбитражниот суд во Хаг врз основа на Договорот за Повелбата за енергетика што Русија го потпиша во 1994 година. Сепак, Русија го нема ратификувано овој документ, така што тој не е инкорпориран во националното законодавство. Како второ, дури и во потпишаниот Договор за Повелбата за енергетика е пропишано дека спорот треба најпрво да биде разгледуван од даночните органи на учесниците во процесот, па дури потоа може да биде предаде во Хаг. „Како трето, огромната сума за компензација што беше определена од страна на судот произлегува од хипотетичките приходи што компанијата ЈУКОС можела да ги добие доколку за десетте години судски процес продолжила да постои“, вели Кира Сазонова. Според неа, ваквата методика на пресметка не може да не предизвика сериозни прашања од финансиска, економска и од политичка гледна точка. 

Перспективи на случајот 

Во предметот „ЈУКОС“ испливаа 10 милијарди долари
На поранешниот претседател на „ЈУКОС“ Михаил Ходорковски можеби му се заканува трета казнена постапка. Неговите адвокати не знаат ништо за тоа, а стручњаците се сомневаат во тоа дека третиот предмет за „ЈУКОС“ има перспектива.

Од 16 јануари 2015 година за неисполнување на одлуката на арбитражата на Русија ѝ тече казнена камата – околу 1.7 милијарди американски долари годишно. „Општо гледано, моменталната политичка ситуација и студениот однос кон Русија од страна на низа западни земји засега не даваат основа за оптимизам во однос на идните решенија на арбитражниот суд во Хаг“, вели Кира Сазонова. Освен тоа, според неа, со оглед на тоа дека судскиот процес за ЈУКОС одзел десет години, роковите за разгледување на жалбата исто така можат да бидат долго, што доколку одлуката не се донесе во полза на Русија може да финишира со сума која ќе биде навистина голема. 

„Ваквиот вид на дела кои се процесираат на повеќе нивоа можат да траат долго – тоа може да се види од роковите за донесување одлука од страна на судот“, вели аналитичарот на инвестицискиот холдинг ФИНАМ Антон Сороко. Според него, првичните резултати беа добиени уште во 2009 година, додека конечната одлука беше донесена дури во средината на 2014 година. Во секој случај, според Сороко, според оваа тужба можат да бидат конфискувани активите на руските компании во странство. Впрочем, како што претпоставува аналитичарот, активите на државната Роснефт тешко дека можат да бидат замрзнати во рамките на ова дело, но сепак постои таква веројатност.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња