Кремљ не исклучува асиметрични реакции на новите санкции од страна на САД против низа физички и правни лица. „Во целина, принципот на реципроцитет, безусловно, е основен во таквата размена на санкции. Истовремено, не смее да се исклучат и асиметрични реакции“, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, одговарајќи на прашање од ТАСС. „Но, тоа не е крајната цел“, потенцираше претставникот на Кремљ.
Според зборовите на Песков, „нашиот однос кон таквите санкциски решенија од страна на САД одамна е познат, не се менува“. „Најважни се чекорите кои американската страна ги презема без очигледен резон и без некаква конкретна цел“, потенцираше портпаролот на шефот на руската држава. Според неговото мислење, „освен негативности, тие чекори не носат ништо“.
„Сметаме дека санкциите се незаконски, им противречат на нормите на меѓународното право и им нанесуваат суштинска штета на билатералните односи“, со жалење истакна Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче