САД го проширија списокот со санкции против РФ

Министерството за финансии на САД воведе санкции против 11 физички лица и 15 правни лица од Русија поради случувањата во Украина.

Министерството за финансии на САД воведе санкции против 11 физички лица и 15 правни лица од Русија поради случувањата во Украина. На „црната листа“ се најдоа, помеѓу другите, рускиот бизнисмен Роман Ротенберг и синот на поранешниот украински претседател Александар Јанукович. Под санкции на САД се најдоа и низа фирми од РФ, меѓу кои се Ижевската фабрика за механика, концернот „Калашников”, како и пристаништата на Крим.

На листата на правни лица против кои САД воведоа санкции, освен руски фирми, се најдоа и компании регистрирани во Финска и на Кипар. На „црната листа“ се впишани и пристаништата  Евпаторија, Феодосија, Керч, Севастопол и Јалта.

Како што соопшти портпаролот на американската амбасада во Москва Вилијам Стивенс, санкциите на САД против Ротенберг не се воведени „врз основа на семејни врски”, туку поради тоа што тој му помагал на својот татко Борис Ротенберг да ги заобиколи санкциите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња