Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека на неговата земја ѝ се потребни 1240 противтенковски ракетни системи „Џавелин” за одвраќање на агресијата што наводно ја демонстрира Русија
„Нам ни се потребни само 1240 ракетни системи „Џавелин“ и тоа е сосема чесно“, истакна Порошенко, одговарајќи на прашањето за оружјето што ѝ е потребно на украинската војска за да може да ја одвраќа руската агресија и терористите кои се под нејзина контрола.
Порошенко потсети дека Украина во согласност со спогодбата потпишана во Будимпешта 1994 година одбила 1240 боеви глави, поради што оваа цифра е од посебно значење. „Украина доброволно се одрече од својот нуклеарен арсенал, а во замена САД и Велика Британија ни ветија дека ќе ни обезбедат суверенитет и територијален интегритет“, рече украинскиот лидер.
„Ние не бараме британски, американски или француски војници да дојдат овде и да војуваат за нас. Ние тоа го правиме со сопствени сили, плаќајќи највисока цена, со животите на моите војници. Потребна ни е солидарност“, изјави Порошенко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче