Постојаниот пратеник на Русија во НАТО Александар Грушко предупреди дека ширењето на Алијансата и пристапувањето на Украина и Грузија во овој воен сојуз ќе имаат катастрофални последици за Европа, пренесува „РТ”.
„Политичките игри во врска со ширењето на НАТО пристапувањето на Украина и Грузија повлекуваат со себе многу сериозни и значајни геополитички последици за Европа. Се надевам дека луѓето во Брисел и другите главни градови се свесни за опасноста од таквите игри и од опасноста на картите на кои играат одделни сили. Тоа ќе има катастрофални последици“, изјави Грушко.
Рускиот дипломат смета дека проширувањето на Алијансата ќе биде, исто така, катастрофа и за Украина. Тој го обвини НАТО за формирање на „железна завеса” во Европа со распоредувањето војска и одржувањето на воени вежби на своите источни граници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче