САД и Украина ќе извршат набљудувачки лет над Русија

Во рамките на Спогодбата за отворено небо од 20-25 јули инспектори на САД и Украина ќе извршат набљудувачки летови над Русија, соопшти началникот на Националниот центар за намалување на нуклеарната опасност Сергеј Рижков.

„Од 20 до 25 јули во рамките на реализацијата на Спогодбата за отворено небо, заедничка мисија на САД и Украина планира да изврши набљудувачки летови над териториите на Руската Федерација со помош на американски патролни авиони  ОС-135Б”, рече Рижков.

Тој појасни дека во текот на летот по усогласена маршрута руските стручњаци од авионот ќе го контролираат придржувањето до параметрите на летот и користењето на уреди предвидени со спогодбата.  

Претходно и Русија вршеше патролни летови во рамките на Спогодбата. Така, на 20 октомври минатата година вршителот на должноста началник на Националниот центар за намалување на  дека руски инспектори ќе извршат набљудувачки лет над територијата на САД.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња