Столтенберг отфрла вклучување на Русија во прашањето за членство на Украина во НАТО

НАТО ќе го разгледа барањето за членство на Украина независно од позициите на кои било други земји, изјави во интервју за украинското издание на „Укринформ“ генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

НАТО ќе го разгледа барањето за членство на Украина независно од позициите на кои било други земји, изјави во интервју за украинското издание на „Укринформ“ генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Тоа се однесува само на Украина – дали ќе поднесе барање или не... Ако Украина реши да поднесе барање за членство во НАТО во иднина, таа апликација ќе биде оценета, исто како и апликациите на другите земји кои сакаат да стапат во НАТО“, изјави Столтенберг.

Притоа тој истакна дека прашањето за членство не може да вклучува никого освен самиот апликант и другите земји на Алијансата. „Тоа важи само за Украина и 28 земји на НАТО... Тоа е фундаменталниот принцип, што секоја нација има сопствено право да го одбере својот пат, вклучително и прашањата на безбедноста“, истакна Столтенберг.  

Столтенберг уште еднаш ја обвини Русија за испорака на оружје за доброволците во Донбас и дека руската војска се наоѓа во Украина „по должината на украинската граница“. Истовремено, тој не можеше да даде конкретни бројки, затоа што тие, според неговите зборови, „се разликуваат“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња