Два града во Русија во своето име го имаат зборот „гусак“. Како тоа?

Russia Beyond (Photo: Natalia Naberezhnaia, kotomiti/Getty Images; Legion Media)
Во Русија се наоѓаат градовите Гус-Хрустални и Гус-Железни (руски: „гусь“ - „гусак“). Првиот се наоѓа во Владимирската, а вториот во Рјазанската. А еве што ги поврзува.

Заедничка река

Реката Гус во селото Гус-Железни, Касимовски округ, Рјазанска област

Сè е многу едноставно: двете места се наоѓаат на реката Гус, левата притока на Ока. За руските поими тоа е многу мала река, ширината на нејзиното корито не надминува 10 метри, а нејзината најголема длабочина е 1,5 метри. Не се знае точно како го добила своето име. Некои научници веруваат дека тоа е збор од угрофинско потекло. Инаку, покрај реката има уште три населби со птичји имиња: Гусевски, Гус-Парахино и Гусевски Погост.

„Гусаците“ се врсници

Растојанието помеѓу Хрустални и Железни е околу 100 километри. Двата града настанале речиси во исто време.

Гус-Хрустални

Трговците Маљцови во 1756 година го купиле селото Никулино, кое се наоѓа на реката Гус, за таму да ја преселат својата фабрика за стакло од Москва. Околу фабриката никнала населба која го добила името Гус-Хрустални. За бурното минато на градот сведочат уредените згради од црвена тула, дрвените еднокатни куќи и храмот „Св. Ѓорѓи Победоносец“, кој е изградена според проектот на познатиот неимар Леонтиј Бенуа. Денес во храмот е сместен Музејот на фабриката за кристал, а Гусевската фабрика работи до ден-денес.

Гус-Железни

Во 1758 година индустријалците Андреј и Иван Баташови го купиле селото Веркутец и таму изградиле железара, а една година подоцна го извршиле првото топење. Андреј Баташов го изградил имотот и во 1783 година се населил во него. Во XIX век производството нагло се намалило бидејќи резервите на руда биле исцрпени. Денес за бурното минато на Гус-Железни зборуваат браната на реката и огромната црква „Св. Троица“, изградена во псевдоготски стил,. Некогашниот голем град се претвори во село со помалку од 2000 жители.

Гусевци или Гусевјани?

Во паркот во центарот на градот Гус-Хрустални

Во Гус-Хрустални живеат Гусевци, а во Гус-Железни се Железогусевци. Некој отстрана лесно може да ги смеша.

Птица на грбот

И двата Гуса  имаат птица на грбот на градот. Хрустални на црвена позадина има кристална чаша со гусак кој мавта со крилјата, а кај Железни гусак со златни очи и круна на главата кој лета на сина позадина.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња