- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
1. Стара руска архитектура
Најстарите зачувани згради во Москва се надалеку познатиот храм „Св. Василиј Блажени“, црквите на Московскиот кремљ и Спаскиот собор на Спасо-Андрониковиот манастир од XV век во кој се наоѓаат фрагменти од фрески на славниот руски иконописец Андреј Рубљов. Од времето пред Петар Велики останале неколку палати, вклучувајќи ја и зградата на болјарите Романови градена во периодот на XVI-XVII век, како и Стариот англиски дворец изграден помеѓу XV и XVI век.

Сергей Пятаков / Sputnik

Сергей Киселев/Агентство «Москва»
Legion Media
2. Барок
Со доаѓањето на власт на Петар Велики во Русија продреле западните влијанија, вклучувајќи ги и архитектонските. Така, во комбинацијата на европскиот барок и руското китнесто „узорочје“ е создаден уникатен стил на московски барок кој и денес може да се види во многу цркви во Москва и на периферијата, каде благородничките семејства граделе храмови.
Ludvig14 (CC BY-SA 3.0)
Sylvain Sonnet / Getty Images
Ludvig14 (CC BY-SA 3.0)
3. Готика
Уморни од барокот и неговите прекумерни декоративни елементи, архитектите се свртеле кон експерименти со готика. Зашилените луковици и шилците вперени во висините на почетокот му биле туѓи на руското око, но на крајот, сепак, влегле во мода и навлегле дури и во црковната архитектура.
yulenochekk / Getty Images
Софья Сандурская/Агентство «Москва»
Александр Авилов/Агентство «Москва»
4. Руски стил
По долгогодишната доминација на сè што е европско, за време на владеењето на императорот Александар III, на крајот на XIX век, во мода доаѓа свртувањето кон руските корени. Еден од најмаркантните примери на рускиот стил беше храмот „Спас на крвта“ во Санкт Петербург, кој на некој начин наликува на московскиот храм „Св. Василиј Блажени“. Императорот лично ја одобрил изградбата на оваа црква. Во Москва биле изградени бројни приватни куќи кои наликувале на болјарските, а директно на Црвениот плоштад, во ансамблот на старите згради била вметната новата, стилизирана зграда на Историскиот музеј.
Legion Media
Sergei Baldin / Getty Images
Legion Media
5. Модернизам (сецесија)
Асиметрични композиции, растителна орнаментика, мозаици и свртување кон руското минато се карактеристики поврзани со развојот на рускиот модернизам (сецесија), еден од најнеобичните архитектонски стилови на преминот од XIX во XX век. Богатите луѓе од тоа време, љубители на уметноста, се обиделе да градат куќи во овој стил, а еден од главните архитекти на рускиот модернизам бил Фјодор Шехтел, кој ја проектирал познатата куќа на Рјабушински и зградата на Јарославската железничка станица.
Екатерина Борисова (CC BY-SA 4.0)
yulenochekk / Getty Images
Tim Bieber / Getty Images
6. Авангарда
Советската влада ја поттикнуваше авангардата во архитектурата, па Москва беше преплавена со експериментални згради со минимален декор, но со обмислена практична конструкција и најчесто големи прозорци. Водечки правец на советската авангарда во архитектурата беше конструктивизмот, а негови главни архитекти беа Константин Мелников, Алексеј Шчусев и браќата Веснини.
Алексей Филиппов / Sputnik
Ludvig14 (CC BY-SA 3.0)
Courtesy of Zotov center
Paulkuz (CC BY-SA 4.0)
7. Советски Арт Деко (постконструктивизам)
По конструктивистичките експерименти со формите на советската архитектура, забележливо е свртување кон класиката, што повеќе одговараше на вкусот на Сталин. Постконструктивизмот е советска варијанта на стилот Арт Деко во кој се изградени облакодерите во Њујорк. Овој стил се карактеризира со монументализам, столбови, украси во форма на грбови, барелјефи и скулптури, како и строгост на формата и комбинација на бетон и метал.
RomanBabakin / Getty Images
NVO (CC BY-SA 2.5)
yulenochekk / Getty Images
8. Сталински ампир
Со текот на времето, советската архитектура се трансформираше во стил што историчарите на уметноста го нарекоа сталински ампир. Тенденцијата беше особено забележлива во повоениот период. Тоа не е едноставно класика, туку помпезен и триумфален стил на земја-победничка. Споменатиот стил се карактеризира со столбови, тремови, идеална симетрија, спирали, гипсени украси, скулптури, балкони-еркери и комплицирани венци на покривот, ѕвезди-петокраки и грбови на СССР. На тој начин се изградија станбени згради и репрезентативни објекти, како што е, на пример, речната железничка станица. Врвот на стилот го претставуваа солитерите на Сталин со шилци кои се стремат во височината.
Dmitry A. Mottl (CC BY-SA 3.0)
Mario Modesto Mata (CC BY-SA 3.0)
Кирилл Зыков/Агентство «Москва»
9. Брутализам
По заминувањето на Сталин, беше прогласена борба против претерувањето во архитектурата и во земјата речиси две децении масовно се градеа типски станбени згради, таканаречени „хрушчовки“. А во седумдесеттите години на дваесеттиот век, кога во земјата се појавија малку повеќе пари и можности, властите повторно посакаа да ја покажат моќта на советската држава. Така никнаа монолитни масивни бетонски згради без никакви украси, кои оставаа впечаток со нивните огромни димензии и нетипични форми, како што тоа беа „лежечкиот облакодер“ или куќата-брод, изградена за вработените во нуклеарната индустрија (идејата беше да асоцира на нуклеарен реактор). Или злокобната зграда на институтот за онкологија. Дури и телевизиската кула во Останкино, која наликува на ракета, е поставена на масивна бетонска основа и му припаѓа на тој стил.
Михаил Александров / TASS
Николай Галкин / TASS
Алексей Филиппов / Sputnik
10. Стилот на Лужков (постмодернизам)
Деведесетите години на минатиот век беа тешки времиња за земјата, па го поносоа епитетот „диви“. Имено, по распадот на СССР дојде времето на новата пазарна економија, „новокомпонираните Руси“ и криминалот. Меѓутоа, тоа истовремено донесе и многу слобода. За поранешните советски луѓе повторно се отвори сè западно и тие само се обидуваа да го пронајдат чувството за стил и вкус. На тоа му претходеше период на несреќни експерименти. Додека Јуриј Лужков беше градоначалник, а практично и „газда“ на Москва, во главниот град никнаа бројни згради, кои денес се вбројуваат во репрезентативните примероци на лошиот вкус. Тоа беше обид да се создаде некој вид нов стил, со употреба на стакло, метални конструкции и висока технологија, но и потпирајќи се на архитектонските трендови од минатото како што се Арт Ново, Арт Деко и други еклектични тенденции.
Ludvig14 (CC BY-SA 3.0)
Мария Девахина / Sputnik
T3ru (CC BY-SA 4.0)
Анна Клименко / Sputnik