Сцена од филмот „Миженка“ (руски: „Жмурки“)
Алексеј Балабанов/СТВ, 2005.Избричен тил, сако „во боја на малина“, златни прстени и Mercedes-Benz S600 – сето тоа е до болка познато на луѓето кои живееја во Русија во 1990-тите. Така изгледаше типичен „новокомпониран Русин“ („новый русский“).
Тргување со ваучери на градските улици.
А. Заев/Државен историски музеј на Јужен Урал/russiainphoto.ruТерминот „нов Русин“ на територијата на сега веќе поранешниот СССР првпат се појави во 1992 година во напис на весникот „Комерсант“. Првично така ги нарекуваа луѓето со добро образование и добри перспективи. Тие беа третирани како „напредна класа“. „Терминот во голема мера се појави случајно, како еден вид шега“, објаснува политикологот Георгиј Бовт.
Зошто тие Руси беа „нови“? По распадот на Советскиот Сојуз, обичниот граѓанин кој претходно живееше според законите на планската економија, т.е. без приватна сопственост и со забрана за приватно претприемништво, одеднаш се најде во свет во кој можеше да се занимава со што сака. Терминот „нови Руси“ почна да се користи токму за оние кои најбрзо успеаја да се прилагодат на новиот систем и да заработат брзи пари од него.
Продавачи на пазарот за облека „Лужники“, до споменикот на Ленин.
Јуриј Абрамочкин/SputnikОбично трговијата им беше основна дејност. Меѓу другото, тргуваа со дефицитарна и странска стока. Продаваа облека, електроника, козметика и друго. Кој ќе успееше да најде партнери побрзо од другите, да донесе стока во Русија и во неа да најде „покровител“ за да го заштити од другите новокомпонирани бизнисмени – тој гарантирано стануваше богат и успешен.
„Новите Руси“ меѓу првите почнаа редовно да патуваат во странство и да контактираат со потенцијалните западни партнери. „Новите Руси насекаде беа добредојдени и сите се трудеа да склучат зделка со нив“, вели Георгиј Бовт.
Шоуменот Станислав Барецки
Сергеј Коњков/TASSНа Запад многумина веруваа дека порано или подоцна во Русија ќе се појави средна класа и дека земјата ќе стане модел на капиталистичка држава. Меѓутоа, во втората половина на 1990-тите стана очигледно дека не е сé така едноставно и дека со големиот бизнис управуваат луѓе кои најчесто се поврзани со криминал.
Казино-клуб „Премиер“
Всеволод Тарасевич/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru„Нивниот успех се заснова на фактот дека знаат да заработат пари од сé и сешто, а во текот на 1990-тите го правеа и од несреќата на народот. Затоа терминот „нов Русин“ доби негативен призвук кај народот“, вели Андреј Тимин, кој како и многу други во 1990-тите ја напуштил научната сфера и се впуштил во трговија, со што станал „нов Русин“ или подобро кажано „ новокомпониран Русин“ (со оглед на негативната конотација).
Припадници на Единицата за посебни на мени на УФС РФ за контрола на прометот на наркотици и психотропни супстанци приведува наркодилери.
Владимир Вјаткин/SputnikВеќе во средината на 1990-тите тој назив не се користеше за „напредната класа“ туку за луѓе со големи пари и врски во светот на криминалот. Честопати тие врски подразбираа илегална трговија со криумчарени стоки, на пример, наркотици или оружје.
„Новите“ или „новокомпонираните Руси“ имаа карактеристики на супкултура. За нив беше карактеристичен посебен стил на облекување, со посебни атрибути и начин на живот.
Сергеј Мавроди, обраќање на телевизија.
Youtube.comНајвпечатлив симбол беше црвеното сако или сако во „боја на малина“. Не е познато зошто сакото мораше да биде токму во таа боја. Постои теорија дека оваа мода ја втемели Сергеј Мавроди, основачот на една од најголемите финансиски пирамиди на територијата на Русија. Во една прилика тој во една телевизиска емисија дојде во такво сако и на тој начин му го „поплочи патот“ на новиот тренд.
Меган Виртанен, историчарка на модата, претпоставува дека тука има и симболика: пурпурната и бојата на малина означуваат моќ и богатство, а „новокомпонираните Руси“ несвесно ја отелотворија таа идеја.
Купување автомобил „Мерцедес“
Јуриј Заритовски/SputnikПокрај тоа, тие ги сакаа и другите атрибути на „богатиот“ живот: модни детали од злато, голем рачен часовник (во жаркон се нарекуваше „котле“) и прстени со печати на речиси секој прст.
Златните украси ги китеа на костуми од скапи марки (патем, тие одела не беа секогаш оригинални) и се возеа во скапи автомобили: Мерцедес С-класа, БМВ, Ауди и други луксузни марки.
Претседателот на ФАО „Ферејн“ ја надгледува работата во фабричката хала.
Олег Ласточкин/Sputnik„Новокомпонираните Руси“ не исчезнаа преку ноќ. Постепено тие се трансформираа во нешто друго. Некои од нив со текот на времето се „препородија“ и станаа угледни луѓе во пристојни костуми. Таквите луѓе повеќе не носеа сако „во боја на малина“. Сега тоа беа луѓе со многу моќ и многу пари, и со врски на сосема друго ниво.
Сцена од филмот „Миженка“
Алексеј Балабанов/СТВ, 2005.Други се впуштија во самоедукација и легален бизнис. А многумина едноставно изгинаа. Тие беа поврзани со мафијата, па таквиот крај беше на некој начин логичен. Патем, тие и по нивната смрт успеаја некако да се истакнат. На сите руски гробишта од далеку се гледаат надгробните споменици на поранешните „новокомпонирани Руси“. Тоа се масивни градби и статуи во природна големина, а понекогаш и цели гробници.
На почетокот на 2000-тите, кога веќе помина врвот на славата на „новокомпонираните Руси“, овој слој на луѓе за многумина стана еден вид карикатура. Трговците во сакоа во боја на „малина“ станаа стереотипни јунаци на иронични вицови и филмови посветени на бизнисмените и ситуацијата во Русија во текот на 1990-тите.
Од друга страна, во нивно време тие имаа огромно влијание врз општеството. Мобилен телефон, кредитна картичка и одмор во бањите во Анталија - сето тоа стана дел од секојдневието на обичните луѓе, а таквата мода на луксузниот живот ја диктираа токму „новокомпонираните Руси“.
Крупие и играчи во казино.
Владимир Веленгурин/TASSТрговците во сакоа „во боја на малина“ на сите им покажаа дека лесната и брза заработка е можна, дека новата земја во која се најдоа сите жители на СССР нуди многу поголеми можности за реализација на сопствениот потенцијал и заработка. Тие станаа олицетворение на Русија во 1990-тите во која човекот можеше да добие сé што ќе посака, ако навреме сфати што треба да прави.
Населба на нови Руси, Ржавки, Московска област
Борис БабановПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче