Алексеј Микулин не е професионален сликар или скулптор. Тој е архитект. „Пластелин не сум држел во раце четириесет години. Откако на 12-годишна возраст почнав да се занимавам со наука, повеќе немав време да му се вратам на моето хоби“, вели Алексеј. „А кога децата малку пораснаа, почнавме да вајаме заедно, и инспирацијата се врати“.
Во своите дела Алексеј често ја оживува атмосферата што исчезнува од нашите животи и тоа до најситни детали, на пример, до оригиналните шари на тапетите.
Со неговите дела се опфатени зачуваните делови ма Москва, но и она што е неповратно изгубено, како што е Кучешкото игралиште (Собачья Площадка), пријатен плоштад во центарот кој беше уништен за време на изградбата на Нов Арбат.
Одделни сцени се колективни слики кои не претставуваат некое одредено место.
За да се создаде едно дело со поголеми размери, според Алексеј, потребни се околу 100 часа ефективна работа. Вистина, се случува некои модели и детали да мора да се урнат, а потоа повторно да се прават.
Погледнете како ја виде руската престолнина овој архитект.
Изложбата на Москва од пластелин „Вратата на станот бр. 10“ на авторот Алексеј Микулин се одржува во галеријата „Измајлово“ до 3 септември 2023 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче