Како руски инженер специјално за комунистите измисли „летечки град“ (ФОТО)

Russia Beyond (Photo: С.О.Хан-Магомедов/Издательство Фонд «Русский авангард», 2008)
Георгиј Крутиков дизајнираше нов тип на град кој требаше да лебди над земјата.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Во 1928 година апсолвенттот на Вишиот уметничко-технички институт во Санкт Петербург се подготвуваше за одбрана на својот дипломски труд. Неговата презентација беше првиот теоретски чекор кон миграцијата на луѓето во Земјината орбита.

Георгиј Крутиков го започна својот научен потфат со едноставна идеја: секој тип на општество треба да има свој уникатен дизајн на градот. На пример, феудалните општества имаат тенденција да ги формираат своите градови околу тврдините и да ги распоредат во кружна форма, додека капиталистичките општества ги обликуваат градските улици во правоаголни форми.

Крутиков сметаше дека новото комунистичко општество заслужува свое уникатно урбанистичко решение. Во својот дипломски труд тој нуди визија за летечки град кој требаше да стане карактеристика на СССР на иднината. Неговата работа во свое време привлече големо внимание.

Овој архитект предложи да се напушти површината на земјата, оставајќи ги таму само фабриките и другите производствени погони, а луѓето трајно да се преселат во комунални градови во воздухот.

На оваа слика можете да ја видите општата визија на Георги Крутиков за новиот град. Високите станбени згради се распоредени во круг на кружна платформа каде, според планот на архитектот, ќе се наоѓаат собите и техничките системи.

Тој предложи употреба на мали самодоволни летечки кабини (слично на летечките возила во блокбастерот Oblivion од 2013 година) за транспорт на луѓе од површината на Земјата до летечкиот град и назад.

Меѓутоа, за разлика од леталата во популарниот американски филм, кабините за летање на Крутиков беа проектирани да можат да се користат како привремен станбен простор, автономен дел на поголеми згради.

Кабините имаа аеродинамичен облик. Беше предвидено да бидат исполнети со прилагодлив мебел што може да се трансформира според околностите и потребите на пилотот. Според планот на Крутиков, кабините требаше да можат да се спојат и со главните станбени згради.

Покрај архитектурата, Крутиков беше поклоник на цепелинот. Сметаше дека во блиска иднина научниците ќе откријат или измислат нови форми на енергија, кои ќе овозможат реализација на неговиот „летечки град“.

Затоа Крутиков веруваше дека реализацијата на неговиот футуристички план е работа на блиска иднина.

Застапниците на делото на Крутиков го сметаа неговиот проект за значаен чекор во архитектонската авангарда, додека неговите противници го критикуваа како претерано фантазмагоричен и нереален.

И покрај критиките, Крутиков успешно го одбрани својот труд пред академската комисија и дипломираше. Својата понатамошна кариера ја изгради на полето на архитектурата, иако неговите нови проекти беа значително пореалистични од „летечкиот град“. На пример, Крутиков успешно дизајнираше административни и станбени згради во Москва.

Рускиот архитект и визионер почина во март 1958 година. Неговиот најпознат архитектонски концепт никогаш не стана реалност, барем засега.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња