Американците прилично загрижени поради дострелот на новиот радар и ракетите на новиот „Панцир-СМ“

vitalykuzmin.net
Особено загрижува фактот дека армиите што го поседуваат овој систем ќе можат да се борат против сите видови воздушно и копнено оружја, од суперсонични борбени авиони кои летаат на голема висина, па сé до артилериски ракети лансирани од повеќецевни ракетни фрлачи. За уништување импровизирани беспилотни летала „Панцир-СМ“ ќе користи ракети со помали димензии кои ќе бидат далеку поевтини за употреба.

Како што неодамна објави интернет порталот 19FortyFive, модернизираниот радар со фазирана антена решетка што ќе биде интегриран на новиот „Панцир-СМ“ ќе ја зголеми зоната на детекција на респектабилни 75 километри.

Овој систем, паралелно со новиот радарско-набљудувачки комплекс, доби и нови ракети со ефективен дострел до 40 километри. Зголемена е и зоната кога станува збор за висината на пресретнувањето на целта, која сега достигнува 17 километри. Зголемена е и брзината на ракетата. Овие тактичко-технички способности му овозможуваат на новиот „Панцир“ да соборува цели кои се движат со брзина од речиси 3 Мах (3600 км/ч).

Особено загрижува фактот дека армиите што го поседуваат овој систем ќе можат да се борат против сите видови воздушно и копнено оружја, од суперсонични борбени авиони кои летаат на голема висина, па сé до артилериски ракети лансирани од повеќецевни ракетни фрлачи. За уништување импровизирани беспилотни летала „Панцир-СМ“ ќе користи ракети со помали димензии кои ќе бидат далеку поевтини за употреба.

Новиот радарско-набљудувачки систем ќе има далеку подобри способности за откривање на различни видови беспилотни летала на големи далечини. Ова ќе му обезбеди на „Панцир-СМ“ да води борба со поголем број ударни беспилотни летала во безбедни зони (надвор од дострелот на убојните средства што ги носат ударно-извидувачките беспилотни летала).

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња