„Панцир-СМ“
Vitaly V. Kuzmin/www.vitalykuzmin.netКако што соопштува порталот 19FortyFive, модернизираниот радар со фазирана антенска решетка на моделот „Панцир-СМ“ го зголемува радиусот на откривање на цели и тој сега изнесува 75 километри.
Противвоздушниот систем доби и нова ракета со дострел од 40 километри во далечина и 17 километри во висина. Брзината на ракетата е зголемена, што ѝ овозможува да пресретнува цели кои се движат со брзина од 2,9 Мах или еден километар во секунда.
По модернизацијата „Панцир“ ќе биде опасен дури и за суперсоничните авиони и ќе може да пресретнува суперсонични ракети кои се лансираат од копно. За уништување на рачно изработени дронови се планирани и други ракети со помал калибар.
„Големата дистанца на која „Панцир“ открива и уништува воздухопловни цели му овозможува да ги потисне тешко видливите беспилотни летала надвор од ефективниот дијапазон на набљудување“, посочува наведениот портал.
Едноставно кажано, дроновите ќе бидат уништени уште пред да влезат во зоната во која можат да ги применат своето оружје и средствата за набљудување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче