Екраноплан (тежок ховеркрафт) од советско производство неодамна беше виден во многу вести кога еден блогер го фотографираше на брегот на Каспиското езеро. Смртоносната воена машина беше направена за да го уништува непријателот на вода, но беше отфрлена засекогаш во 1991 година кога се распадна Советскиот Сојуз.
Komsomolskaya Pravda / Global Look Press
Излегува дека во Нижни Новгород на Волга има уште еден претставник на овој речиси изумрен вид.
Тешкиот ховеркрафт со крила од советско производство, познат како „екраноплан“, е речиси идентичен со „Каспиското морско чудовиште“ познато како „Луњ“.
Komsomolskaya Pravda / Global Look Press
Како и неговиот близнак од Дербент, овој хибрид на брод и авион во Нижни Новгород е проектиран да ги уништува непријателските сили „летајќи“ брзо над водата благодарение на притисокот што под него го создаваат џиновските крила.
Komsomolskaya Pravda / Global Look Press
Меѓутоа, за разлика од екранопланот „Луњ“, неговиот близнак е преуреден во спасувачка машина, па го доби и соодветното име („Спасител“).
„На почетокот тоа беше истиот модел [како и „Луњ“], но немаше доволно време да се доврши, па беше одлучено да се преуреди во цивилен ховеркрафт. И така од него е направена голема болница. Ховеркрафтот имаше 150 кревети, а во случај на потреба можеше истовремено да превезува и 500 луѓе“, вели инженерот Татјана Алексеева која учествуваше во изградбата на двата екраноплана конструирани во Централното конструкторско биро за бродови со подводни крила „Алексеев“ [бирото го доби името по нејзиниот татко] во СССР во текот на 1980-тите.
Komsomolskaya Pravda / Global Look Press
„Спасител“ не изгледа толку опасно како „Луњ“ бидејќи нема противбродски крстосувачки ракета - тие беа отстранети кога воениот ховеркрафт беше преуреден во уникатно цивилно транспортно средство.
Komsomolskaya Pravda / Global Look Press
Но, според димензиите, овие два ховеркрафта се слични. „Спасител“ е долг 93 метри и има распон на крилата од 44 метри. Можеше да развие брзина на крстарење од 550 км/ч и во однос на тоа ниту еден тежок брод не можеше да се мери со него во тој период.
Како и крстосувачот ховеркрафт од Дербент, „Спасител“ беше запоставен во времето на распадот на Советскиот Сојуз.
Komsomolskaya Pravda / Global Look Press
Денес тој се наоѓа во фабриката во Нижни Новгород и привлекува блогери и патувачки фотографи како уникатен пример за советските инженерски аспирации кои никогаш не беа реализирани.
Овде можете да го видите „Каспиското чудовиште“, односно близнакот на „Спасителот“.