Најновите руски летачки бродови

„Руска реч на македонски“ ви ги претставува трите новитети во хидроавијацијата на Русија.

Современата хидроавиотехника може да лета како авион и да плови како брод. Во тоа можеше да се увери секој оној што ја посети изложбата Хидроавиосалон 2014 во Геленџик. Кога ќе ја посетите оваа изложба станува јасно дека некои летала и бродови се единствени од тој вид во светот.

Оваа година хидоравиосалонот собра 180 учесници. Руското Министерство за одбрана потпиша неколку договори за купување авијатичка техника, како што се 120 ловци Су-30 МК за авијатичко воено-морската флота. 

Во светски размери авиосалонот во Геленџик е сосема мала изложба. Отворена површина со авиони на бреговите на геленџискиот теснец и два павилјона со штандови. Но, само тука секој експонат може директно од павилјонот „да се симне“ во вода и да ги покаже своите способности директно на туристите кои се одмораат на соседните црноморски плажи. 

Русија е лидер во конструирањето на авиони-амфибии од различна класа. Редакцијата на „Руска реч на македонски“ одбра три најнови примероци на руската хидроавијација. 

Авион-амфибија Бе-200 

Однадвор се чини како обичен авион. Всушност станува збор за вистински летачки брод. Бе-200 со еднаква леснотија може да полета од авионска писта, а исто така и од водена површина: костурот на амфибијата е направен како кај бродовите, моторите се поставени на горниот дел од крилото, со цел да не влезе вода во нив. Во советско време амфибијата била направена како десантно-спасувачки авион за Воено-морската флота. Денес е „преквалификуван“ во пожарна. За неколку минути пловење по водата во својата конструкција собира 12 тони вода, се крева во воздух и овие „резерви“ ги фрла во жариштето на пожарот недалеку од брегот.

Извор: Јутјуб

Министерството за вонредни состојби го купува Бе-200. Претходно на чело на ова министерство беше Сергеј Шојгу, сегашен министер за одбрана. Поради тоа во конструкторското биро „Бериев“, кој ја произведува оваа амфибија, се надеваат дека војниците повторно ќе обрнат внимание на Бе-200. Oваа машина најпрво е проектирана како десантен или спасувачки авион. Во вселенски услови амфибијата би можела да стане противподморнички ударен авион. 

Екраноплан Орион-14


Извор: РИА Новости/Михаил Мокрушин

Екранопланот е несомнено ноу-хау на руската индустрија, хибрид на брод и на авион. Од првиот екраноплан ја има наследено носивоста, а од вториот брзината. За разлика од обичните бродови тој, како авион, лета над вода без да прави бранови кои можат да ја уништат крајбрежната линија. Во состојба е да излезе на брегот со благо навалување, може да „лета“ над мраз или тундра. Пред повеќе од половина век технологијата на екранопланот ја има разработено академик Ростислав Алексеев. Бродови, кои личат на патнички авиони, се движеа по морето на определена висина благодарение на аеродинамичкиот екран, поради што можеше да се движи со брзина од 100 километри на час. 

Во советско време тие биле користени од страна на војската. Екранопланот бил конструиран исклучиво за воени цели. Предводниците на Воено-морската флота во авиобродот го виделе оној адут кој ќе им овозможи да ја поништат хегемонијата на САД во областа на носачите на авиони. Десантниот екраноплан Орљонок, ударниот Луњ имаа брзина од 500 километри на час. За споредба: нуклеарните носачи на авиони на САД немаат поголема брзина од 70 километри на час. Но, денес екранопланите се конструираат исклучиво во цивилни цели. 

Орион-14 за првпат ѝ беше прикажан на публиката. Овој екраноплан е разработен во програмата за развој на граѓанската морска техника во периодот од 2009 до 2016 година. Во неговата конструкција се применуваат композитни материјали од новата генерација. Значително се подобрени параметрите на електричниот уред, разработена е и трансмисијата за поголема сигурност, модернизирана е опремата. Орион-14 работи назима, во студени услови со падежи од 50 сантиметри,а исто така и се движи по раздробен мраз. Поради тоа овој екраноплан може да се користи во тешкодостапни делови од Далечниот Север и од Далечниот Исток. 

Беспилотно летало Чирок


Извор: ИТАР ТАСС

Како и која било последна воено-техничка изложба, Геленџик 2014 не можеше да помине без беспилотните летала-амфибија. Новитет годинава е беспилотното летало Чирок што го изработи Московскиот научно-истражувачки радиотехнолошки институт. Чирок има мошне големи квалитети за летање, сместен е на воздушна перница, па затоа не му е потребна писта, доволна му е само рамна површина со должина од 25 метри, може да слета како на копно, така и на вода. 

Јуриј Невзоров, генерален директор на институтот, рече дека широчината на крилјата изнесува 10 метри, а тежината е 750 килограми. Неговата конфигурација е слична на „летачко крило“, така што може да носи голем број корисен товар. Според него, се разгледува варијанта на базата на Чирок да се конструира пилотирачки уред за 12 лица со полетна тежина поголема од 2 тони.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња