САД признаваат дека рускиот ракетен екраноплан претставува опасност

Максим Григорјев/TASS
Американските медиуми сериозно ги анализираат плановите на Русија за својата армија да направи екраноплани (тешки лебдалки со крилја) вооружени со ракетни системи.

„Во време на студената војна Советскиот Сојуз ја разгледувал можноста за создавање парк борбени екраноплани вооружени со ракети. Сега Русија најавува обновување на овој проект под називот Орлан“, пишува „Драјв“. 

Во публикацијата се истакнува дека создавањето нов екраноплан се наоѓа во програмата за вооружување 2018-2027. Екранопланот може да се користи за патролирање во арктичкиот регион, а исто така и на Црното, Каспиското и на Балтичкото Море.

„Драјв“ пишува дека деталите поврзани за „Орлан“ не се соопштуваат на јавноста, така што засега не е јасно дали овој проект ќе има некаква врска со советскиот екраноплан „Орљонок“.

Советскиoт екраноплан „Орлёнок“. Можеше да полета и се приземји дури и за време на голема бура.

„Сепак, од гледна точка на неговиот основен облик и продуктивност, Орљонок би можел да биде добра појдовна база за создавање нов ракетен екраноплан. Тој има голема носивост, брзината на крстосување изнесува речиси 250 милји на час (над 400 километри на час), а без дополнување гориво може да мине над 900 милји (околу 1.450 километри0“, се вели во публикацијата). Се споменува и еден друг екраноплан „Луњ“. Тој во горниот дел на трупот можеше да носи шест лансери за противбродски ракети.

Советскиот екраноплан „Луњ„“ беше вооружен со наоружан противбродски крстосувачки ракети П-270 „Москит“, тако што претставуаше опасност за носачите на авиони

Сега американските експерти нагаѓаат каде во новиот руски екраноплан можат да се наоѓаат ракетите. Според нив, инженерите би можеле да го сместат основното вооружување над крилата во водоотпорни капсули или да ги исфрлат на предниот дел од екранопланот за лансирањето на ракетите да не влијае врз работата на моторот. Се разгледува и идејата ракетите да се „стопат“ со трупот и да се лансираат настрана.

„Новите руски противбродски ракети станаа мошне лесни и компактни, така што можат да се користат на помал екраноплан како што е моделот Орљонок“, пишува авторот на споменатата статија. Како варијанта се разгледува и можноста вооружување  на екранопланот со надзвучни ракети Оникс. Големата брзина на екранопланот во комбинација со дострелот на оваа ракетa, би му овозможила на екипажот да реагира брзо во различни ситуации.

Споменатото издание нагласува дека „Орлан“ тешко се открива благодарение на брзината и на нискиот лет. Покрај тоа, нему не можат да му наштетат торпеда и морски мини, а примената на овие превозни средства е пофлексибилна благодарение на можноста да дејствуваат далеку од поморските и од воздухопловните воени бази и независно од нив. Покрај тоа се истакнува дека уште во СССР се вршени експерименти кои овозможуваат предностите на екранопланот да се комбинираат со можноста за лет на поголеми височини. Покрај тоа, екранопланот може да се користи и како придружба за време на продор во длабочината на непријателската територија. 

„Веројатно ќе биде потребно релативно мал напор од Орлан да се направи офанзивно оружје со крстосувачки ракети како што се Калибр и така интензивно да се загрози непријателот, особено во подрачјето на Балтичкото или на Црното Море“, пишува „Драјв“. Исто така се истакнува дека екранопланот може да стане мултифункционално оружје благодарение на можноста за примена на ракети за напад на копно.

„Драјв“ го свртува вниманието на тоа дека претходнонаправените екраноплани имале недостатоци во смисла на покомпликувана експлоатација и техничко опслужување, а некои од нив брзо кородирале. Сепак, како што пишува американското издание, имајќи го искуството со работа со различни класи од оваа техника „Русите можат да ги третираат екранопланите како рентабилна и нискоризична инвестиција“.

Исто така е соопштено дека летното тестирање на товарните и извидувачко-спасувачките типови екраноплан е планирано за 2022-2023 година. Отприлика во исто време можат да бидат направени и нивните борбени верзии.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња