За време на Студената војна командата на Вооружените сили на СССР активно бараше начин да се спротивстави на американската флота од носачи на авиони, која сé повеќе остваруваше надмоќ над светските мориња и океани. Едно од тие решенија се рефлектираше во развојот и конструирањето на тнр. ударни екраноплани-ракетоносци „Луњ“, кој претставуваше своевиден хибрид на брод и авион. Благодарение на неговата револуционерна концепција, Американците го нарекоа ова борбено средство „Касписко чудовиште“. Со своите димензии кои изнесуваа 75 метри во должина и 20 метри во висина, екранопланот „Луњ“ можеше да развие на површината на водата брзина од дури 500 км/ч. Тој можеше да се употребува во услови на морска бура и високи бранови. Во налет можеше да лансира шест суперсонични ракети „Москит“ со низок профил на лет, опремени со пробојно-разурнувачки боеви глави тешки по 300 кг. Неговиот прв прототип ја здогледа светлината на денот на 16 јули 1986 година.
Загонетни совјетски екраноплан "Луњ" се одмара на обали. Захваљујући својим димензијама и техничким карактеристијама ово средство је прозвано "Каспијско чудовиште" pic.twitter.com/6vfS0C83OY
— Marsonline (@gvozdenavolja) September 12, 2020
Ова летало го оствари својот прв лет пред 35 години. Беше произведено воздухопловното конструкторско биро КБ на Ростислав Алексеев. Димензиите на овој екраноплан се навистина импресивни. Леталото има распон на крилата од 44 метри. Неговата должина е 73,8 метри, а масата на полетување дури 380 тони. За време на тестирањето за „Луњ“ особено се заинтересира американското разузнавање. За таа цел беа ангажирани сите расположиви извидувачки сателити, а на мистериозниот објект му беше дадено името „Касписко чудовиште“. Пет години по неговиот прв лет, џиновскиот екраноплан-ракетоносец „Луњ“ беше префрлен во оперативните единици заради почеток на фазата на опитно-боева експлоатација, пред воведувањето во вооружувањето.
Главната тактичка предност во експлоатацијата на ваквата концепција се гледаше во тоа што „Луњ“ можеше незабележливо да им се прикраде на непријателските бродови. Нискиот профил на лет, практичното лебдење над водата, му обезбедуваше на екранопланот во голема мера да остане „под радарот“ и благодарение на својата брзина максимално да му се приближи на непријателскиот објект или група непријателски објекти. Со дополнителните резервоари со гориво „Каспиското чудовиште“ можеше да прелета речиси 4 илјади километри. Врз него не влијаеја сложените метеоролошки услови. Тој можеше да се употребува во услови на морска бура и високи бранови. Во налет можеше да лансира шест суперсонични ракети „Москит“ со низок профил на лет, опремени со пробојно-разурнувачки боеви глави тешки по 300 кг, способни да уништат големи пловечки објекти како носачи на авиони.
За жал, проектот „Луњ“ не заживеа. Колапсот на СССР и тој проект, барем засега, го однесе во историјата. Во моментов руските научници му дадоа предност на развојот на суперсонични ракети со голем дострел од класата „воздух-вода“, „земја-вода“. Се очекува и скоро усвојување на хиперсоничната ракета „Циркон“, така што шансите за реактивирање на овој проект се мошне мали.
„Неверојатните размери и летечко-техничките карактеристики на ова летало створија легенда која сведочи за неговата современост. „Луњ“ секако ќе стане централна фигура на идниот воен парк „Патриот“, кој масовно ќе биде посетуван од граѓани од цела Русија, ученици со своите професори, организацијата „Јунармија“ и бројни младински движења и здруженија“, истакнува градоначалникот на Дербент Хизри Абакаров.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче