Не од прв обид, но тенкот сепак успеа да го врати самоодно орудие тешко 42 тони на неговите гасеници, пишува „Росијскаја газета“.
Видеото се појави на социјалните мрежи на 4 декември, местото и датумот на снимањето не се наведени. Не се гледаат ознаките за идентификација на борбените возила кои овозможуваат да се утврди припадноста на опремата: покрај руските Вооружени сили, овие возила се наоѓаат во состав на вооружувањето, на пример, и на армијата на Азербејџан. Единствено се гледа дека ова се случува летно време во степа.
Самоодното орудие се превртува и паѓа од приколката. Вакви ситуации не се невообичаени при товарење и истоварување на опрема на приколки. Во овој случај, грешката на возачот-механичар можеше да биде отежната поради високиот центар на гравитација на „Мста-С“. Откако падна, самоодното орудие се превртува на покривот. Во борбена позиција го враќаат во два чекора. Прво, Т-90, врзан со сајла за шасијата на самоодното орудие, го превртува на едната страна - под него се поставени гуми. Потоа сајлата повторно се закачува и тенкот, силно тегнејќи, го враќа самоодното орудие на неговите гасеници.
Некои од коментаторите на интернет ја спомнуваат песната од филмот „Во војна како во војна“: „Тенкот ја сакаше самоотката, ја однесе на прошетка во гората. Од таа романса целата шумичка беше искршена“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче