Импулсниот ласер е развиен од страна на специјалистите на Научно-истражувачкиот институт „Пољус“ кој се наоѓа во рамките на холдингот „Швабе“. Се состои од 2 ласерски прачки кои ги претставуваат активните елементи на ласерот, како и од еден пар моќни ласерски диоди.
Со примена на најнова технологија овој уред е во состојба да емитира ласерски зрак кој е карактеристичен за уреди со многу поголема тежина и севкупен габарит. Покажаниот квалитетот овозможува да се добие компактна апаратура способна за интеграција на различни типови на борбени платформи. Може да се користи како ласерски систем за ласерско лоцирање, за ласерски означување на непријателски цели, како мерач на далечина, како составен дел од опремата на беспилотните летала... Може да се употребува и во цивилните структури, како алатка за дупчење, заварување, гравирање и сл.
Прототипот на овој ласер, кој го произведува Научно-истражувачкиот институт „Пољус“ (НИИ „Пољус“) успешно го помина тестирањето во мај 2017 година. Се очекува сериското производство на овој моќен ласер да започне во 2018 година.
Руската ласерска технологија ја менува претставата за војната на иднината
Војна на ѕвездите: зошто Американците се плашат од руското ласерско оружје
Ласерскиот тенк ја зголемува моќта
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче