„Во изминативе шест години е направена голема работа на усовршувањето на рускиот орбитален ешалон вселенски апарати за воена и воено-цивилна намена. Заменети се 80% од сателитите, а нивниот вкупен број е зголемен за 50%“, рече рускиот претседател на военото советување во Сочи, пренесува РИА „Новости“.
Рускиот лидер истакна дека од способноста за ефикасно решавање на безбедносните задачи во вселената „директно зависи зачувувањето на стратешката стабилност и воениот паритет“.
„Доследно се развива вселенскиот ешалон на системот за рано откривање на ракетен напад. Благодарение на неговото функционирање во текот на текот на изминатите три години благовремено, т.е. во предвидените временски рамки, е детектирано лансирање на преку 150 балистички ракети и носачи на ракети од руско и странско производство“, додаде рускиот претседател, истакнувајќи го порастот на можностите на орбиталната група сателити за далечинско сондирање на Земјата, сателитска врска и системот за навигација.
Претходно Владимир Путин изјави дека Националниот космички центар во Русија треба да биде на врвно светско ниво.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче