Ова го изјави генералниот директор на компанијата „Кронштат“ Сергеј Богатиков за ТАСС, кој додаде дека во моментов „Орион-Е“ (рус. „Орион-Э“) се управува по радиоканали на растојание до 250 км.
Радиусот на дејство на извозната верзија на дронот ќе биде проширен, а апаратот ќе добие модул за сателитска врска. Неговата намена е пренос на податоци и управување на дронот.
Според Рособоронекспорт, беспилотното летало во моментов се нуди за извоз во извидувачко-ударна верзија и со систем за сателитска врска (SATCOM). Во руската армија се користи во ударната верзија, прецизира „Росијскаја газета“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче