За ова соопшти шефот на Федералната служба за военотехничка соработка на РФ Дмитриј Шугаев.
„Имаме потенцијални купувачи“, изјави Шугаев во кулоарите на конгресот на Сојузот на машински инженери на Русија, пренесува ТАСС. Бројот на земји заинтересирани за набавка на беспилотното летало не е наведен.
„Орион” е руско беспилотно летало со голем опсег. Проектирано е од компанијата „Кронштат”. Варијантата за Вооружените сили на Русија го носи називот „Иноходец”, а извозната верзија „Орион-Е”. Според податоци од отворени извори, Министерството за одбрана на РФ го тестира дронот од 2019 година, а офанзивната варијанта на беспилотното летало е проверена во Сирија.
Во Дубна (град во Московската област) се гради првата фабрика за сериско производство на овој дрон. Почетокот на производството е планиран за ноември 2021 година. Новото производство ќе овозможи да се задоволат потребите од дроновите „Иноходец” како на Министерството за одбрана на РФ, така и на другите купувачи.
Беспилотното летало има распон на крилата од 8 метри, маса при полетување од 1 тон, 200 килограми полезен товар и борбен радиус од 250 километри. Може да помине во воздух 24 часа со полезен товар од 60 килограми (апаратура за оптичко и радиотехничко извидување). Специјално за дронот е изработена муниција со мал калибар: бомбите КАБ-20 и КАБ-50, авиобомбата УПАБ-50.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче