Макета на беспилотното летало со голем радиус на лет на средни висини „Орион-Э“ на Меѓународната военопоморска изложба во Санкт Петербург.
Владимир Галперин/SputnikБеспилотното летало „Орион“, кое од неодамна им се испорачува на единиците на руската армија, првично беше направено во набљудувачка варијанта, но со развојот и усовршувањето на системот за управување со високопрецизно оружје дронот се здоби со можност да носи паметни бомби тешки 200 килограми.
На меѓународниот форум „Армија 2020“ леталото не беше достапно за јавноста, односно беше прикажано само на раководството на Министерството за одбрана на РФ. „Орион“ има максимална полетна маса од 1200 килограми, а во лет може да помине 24 часа.
Јуришниот дрон во својот арсенал има евтини малогабаритни проектили направени врз база на стандардните ракети на системот „Град“. Тоа се паметни авионски бомби тешки 20 и 50 килограми со расклопиви крила и стабилизатор чиј лет може да се коригира така да паднат точно на целта.
Покрај тоа, „Орион“ може да носи паметни авионски бомби КАБ-20 и малогабаритни ракети „воздух-земја“.
Календарот на Министерството за одбрана на РФ за 2021 година можете да го погледнете овде: https://xn--80ahclcogc6ci4h.xn--90anlfbebar6i.xn--p1ai/multimedia/photo/gallery.htm?id=85909@cmsPhotoGallery
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче