„Создадена за работа, а не за комфор“: Американците ја тестираа „Буханка“ на тежок терен

УАЗ

На каналот на YouTube The Fast Lane Truck е објавено видео во кое се споредуваат два популарни автомобила – улјановската „Буханка“ и „Џип Вранглер“ (Jeep Wrangler), пишува „Росијскаја газета“.

Автомобилите се тестираат на тежок терен: минуваат низ длабоки бари и карпести падини. И двете машини се справуваат со теренот, но заклучокот на експериментаторите е следниов: „Буханка“ е добра, но „Џипот“ е подобар. Меѓутоа, во УАЗ може да се организира целосен ручек за најмалку две лица.

Американците се однесуваат спрема „Буханка“ со извесен скептицизам - ја нарекуваат „кутија цемент“. Има суров ентериер и тежок од, што доведува до заклучок дека е создадена „за работа, а не за комфор“. „Впрочем, како и 90% од сé што е направено во СССР“, додава еден од коментаторите.

Сепак, коментарите за автомобилот од Улјановск се претежно позитивни. „Мило ми е што УАЗ излезе не толку лош“; „Јас сум голем фан на џиповите, но „Буханка“ е закон, би се возел во неа“; „Не знаев дека сé уште постојат такви автомобили, благодарам што споделивте со нас“, пишуваат корисниците на мрежата.

Американците ги истакнуваат посебните квалитети на автомобилот: „Гледав многу видеа со „Буханка“ и едно беше направено во Иркутск на минус 50 степени. Погодете кој е единствениот автомобил што вози во такви услови“; „Во Киргистан има парк кој можете да го искачите само со „Буханка“. Таму намерно не ги поправаат патиштата за туристите да не го уништат местото“.

Покрај тоа, фановите на УАЗ истакнуваат дека „Во Русија на пазарот за половни делови има многу резервни делови за да се направи „Буханка“ идеален автомобил за тежок терен“, „Овој руски автомобил има огромни можности за тјунинг“. Така што симпатиите на гледачите очигледно се на страната на рускиот автомобил.

ФОТО: Дали би се oсмелиле да се повозите со легендарната советска „векна“ од 1960-те?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња