„Комби Трофи“ за екстремно тешки терени: УАЗ исфрли на рускиот пазар нова верзија на „Буханка“

УАЗ

Фабриката за производство на автомобили од Улјановск (УАЗ) пласираше на рускиот автомобилски пазар нова верзија на својот легендарен модел на комбе „Буханка“ (векна). Новата модификација го доби називот „Комби Трофи“ и е наменета првенствено за совладување екстремно тешки терени.

Возилото е конструирано на платформа УАЗ Комби. Новитетот доби заштитена боја на каросеријата, челични фелни во црна боја, багажник за експедиции сместен на покривот и скалила кои водат до него. 
Опционо новата „Буханка“ е снабдена со предни седишта со грејачи, лизгачки прозорчиња, нови рачки за вратите, како и со клуч за палење кој се користи и за отворање на вратите на автомобилот. Меѓу подобрувањата на новиот модел „Комби Трофи“ со погон на четири тркала и блокада на дирефенцијалот во споредба со стандардните се и теренските гуми BFGoodrich R15 225/75. Автомобилот е опремен со 2,7-литарски моторо ЗМЗ-40911 од 112 коњски сили со петстепен менувач BAIC.

Почетната цена на новиот автомобил вклучувајќи ја и специјалната понуда изнесува 656910 рубли (околу 8700 евра).

Прочитајте повеќе: „Американци тестираат“: Автоблогерите едногласно одлучија дека „Буханка“ е најдоброто возило

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња