Погледнете како една руска крнтија станува комби од соништата!

iling show
Можеби сте чуле за возило кое Русите со симпатија го нарекуваат „буханка“, односно „векна“ поради неговиот здепест облик. Погледнете како овој реликт од минатото станува неверојатно привлечно моторно возило...

Момците од Јутјуб-каналот „iling Show“ сакаа од ова возило на УАЗ да направат нешто како „врела“ кола. Погледнете што се случи со питомото руско комби, а исто така видете ги и снимките од неговото финално тест-возење!

Најпрво нешто за руските мотрони „векни“: „буханка“ е омилено руско миникомби кое фабриката УАЗ го произведува од 1965 година до денес. УАЗ-452 го имаат користено речиси сите руските брзи помоши, вклучувајчи ја и едно време обичната брза помош.

Момчињата од „iling Show“ решија традиционалната „буханка“ да ја претворат во „батон“ (што на руски означува издолжена и поголема векна). Мошне сложен дел од работата без сомнение беше системот за потпирање. Буквално немаше место деловите да се спуштат пониско одошто беа.

„Обично овие возила се трансформираат во нешто повисоко, во некој теренес со високи гуми и слично. Сигурно е интересно да се пробива човек низ кал во крнтија, но на нашиот канал не станува збор за тоа“, вели водителот, смеејќи се. „Нашиот батон ќе биде модерно градско возило со задна влеча, кое може да му пријде на пешачкиот премин, да зачкрипи со гумите и да исчезне во далечината“.

А, ако возачот е изморен, одзаади го чека голем удобен сомотски кауч.

Изборот на моторот беше лесен: 1JZ позајмен од Бе-Ем-Ве серија 5 чиј оригинален мотор го извади претходниот сопственик. Потоа момчињата експериментираа со рамката и монтираа компоненти од Toyota Crown Athlete-V.

Првото тестирање на новата шасија е изведено во јануари 2018 година, но потоа целокупниот концепт претрпе значајни измени. Беше решено да се користи целата основа на автомобилот Toyota Crown за редизајн на УАЗ-452.

Сега моторот премина напред, онаму кадешто се седиштата на возачот и на совозачот. Возачот, сепак, ќе седи некаде во средината на возилото, покрај средната врата. Секако дека нема да има добар преглед, но тоа не ги спречи овие момчиња да го изнесат „батон“ на зимско возење.

Однадвор, секако, сè е перфектно. Грдата зелена стана класична црна со елегантна црвена линија и со спојлери. За секој случај.

Излезе дека возењето „батон“ на седиштето на возилото е вистински кошмар, но овие луди „јутјубери“ го сакаа токму тоа. Тие прават апсурдни проекти и го прават животот суштински понеудобен. Тие дури и ги повикуваат гледачите да им ги испратат своите луди идеи за бесмислени интервенции на стари возила без вложување.

Следува снимка на која можете да видите како ова возило се бореше на терен и какви последици претрпе.

ФОТО: Дали би се oсмелиле да се повозите со легендарната советска „векна“ од 1960-те?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња