„Американци тестираат“: Автоблогерите едногласно одлучија дека „Буханка“ е најдоброто возило

Скриншот

Популарен американски автоблогер од руско потекло објави на својот „Јутјуб“ канал уште една видеоснимка во која своите пријатели од САД ги запознава со автомобили произведени во Советскиот Сојуз.

За рускиот автоблогер Павел Суслов, кој живее во Калифорнија, објавувањето на видеоснимки во рубриката „Американци тестираат“ стана вообичаена пракса. Заедно со своите американски пријатели Пол Хјустон и Џеј Ти тој ги тестира познатите модели до домашната автоиндустрија. Така, на видеоклипови се забележани пробни возења на легендарните УАЗ-469, ВАЗ-2106, „Нива“, ГАЗ-66. Меѓутоа, титулата за најдобра машина Американците ја доделија токму на „Буханката“.

Врз Американците силен впечаток им остави незаборавниот ретро дизајн комбија во вид на векна леб, но и склоноста на советските конструктори спрема најситните детали како што се резето и жлебовите со кои се фиксирани вратите. Сепак, внатрешноста на возилото ги збуни. „Тоа е опасна машина. Тоа е најдобрата машина што ја тестиравме“, коментираа тие, уште пред да се повозат.

По пробното возење Американците позитивно го оценија советското комбе. Пол призна дека е вљубен во „Буханка“, истакнувајќи дека машината е создадена за уживање во возењето.

Павел Суслов, Пол Хјустон и Џеј Ти тестираа „Буханка“ со бела боја, од 1974 година, која внатре беше потполно празна и од опрема имаше само клупички на преклоп прицврстени за бочните страни на возилото. Откако седна на тврдата клупа Пол веднаш се присети на школскиот автобус кој пред само неколку години секојдневно го возел до и од училиштето. Надворешноста на предниот дел на возилото со тркалезните фарови и трапезовидната решетка на ладилникот во средината го насмеа Пол асоцирајќи го на лице на зачуден човек, а Џеј Ти ја забележа неверојатната сличност со познат јунак од цртан филм, локомотивата Томас.

Кога седнаа зад воланот, тоа беше за момчињата вистинска авантура. А пак кога сакаа да сменат брзина, пет минути траеше барањето, а потоа секоја акција беше проследена со џиновски напор. Токму затоа возилото неколку пати запираше на улица, предизвикувајќи збунети погледи на другите учесници во сообраќајот.

Прочитајте повеќе: „Делува дрско“: Американци ја тестираа легендарната „Нива“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња