На копно, во вода и во воздух: денеска започнува воената вежба „Запад 2021“ (ВИДЕО)

За прв пат во вежба од толкави размери ќе бидат вклучени борбени роботи „Уран-9“, опремени со оптоелектронски системи.

Денеска започнуваат големите стратешки руско-белоруски маневри „Запад 2021“. Во нив ќе учествуваат речиси 200000 војници, вклучително и странски контингенти од земјите-членки на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), Шангајската организација за соработка (ШОС) и други. Тие веќе пристигнаа на полигонот „Мулино“ во Нижегородската област, пишува ТВ „Ѕвезда“.

Во маневрите ќе бидат вклучени и стотици единици техника, вклучувајќи тенкови, оклопни возила, бродови и авијација. Покрај тоа, за прв пат во воена вежба од вакви размери Русија ќе го употреби борбениот робот „Уран-9“, кој го открива непријателот со помош на оптоелектронски системи и радари.

Активниот дел ќе се одржи на 5 полигони во Белорусија, на 9 руски полигони, како и во Балтичкото Море. Од Министерството за одбрана на Русија потенцираат дека вежбите се од исклучително одбранбен карактер.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња