Најлошиот пиштол во руската армија и неговиот наследник

Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.net
Овој пиштол беше воведен во експлоатација наместо пиштолот „Макаров“, но се покажа дека таа замена беше доживеана во армијата како вистинска катастрофа.

МП-443 „Грач“ или пиштолот „Јаригин“ е од 2003 година стандардно лично оружје на припадниците на сите родови на армијата и сите полициски структури.

Ова е долгоочекувана замена за постарите и послаби пиштоли „Макаров“ и „Стечкин“ со куршуми со калибар 9х18 мм.

Тестирањето на пиштолот МП-443 во војската даде подобар резултат отколку што се очекуваше, но кога овој модел беше пуштен во сериско производство, тој стана еден вид камен на сопнување во руската армија. Еве зошто.

Предности и маани

Пред сé, МП-443 е пиштол со рамка од 18 куршуми со најпопуларниот „Лугер“ калибар 9x19 со мошне добар механизам за повлекување. Покрај сето тоа тој има и неколку нестандардни и извонредни технички решенија.

На пример, има заб на извлекувачот на чаурата по кој се гледа дали има куршуми во рамката или не.

Има и голем стандарден железен нишан, така што кога гаѓате од рака лесно можете да нанишаните во целта од растојание од 25 метри.

Меѓутоа, реализацијата на сите овие идеи не беше идеална.

Тие големи нишани станаа вистински кошмар, бидејќи постојано се закачуваат за футролата при вадење на пиштолот. Покрај тоа, не се гледа добро дали забот на извлекувачот е блокиран или не.

Сепак, најважно беше прашањето за безбедноста, бидејќи дефектите за време на гаѓањето беа честа појава. Тоа е многу важен недостаток што конструкторите мораа да го отстранат, но тоа не им појде од рака. Покрај тоа, пиштолот има техничка гаранција за само 10000 истрели. За споредба, Glock 17 има гаранција за 50000 истрели, но функционира и по цели 100000.

Од моделите што би можеле да го заземат местото на пиштолот „Јаригин“ како стандардно лично оружје во сите воени и полициски структури, најголемо внимание привлекува пиштолот ПЛК „Калашников“.

ПЛК „Калашников“

Нема сомнение дека прототипот на овој пиштол е вистинско чудо на рускиот пазар на оружје. Идеален е и однадвор и однатре.

Пиштол ПЛК

Пред сè, површината на пиштолот е благо матирана. Неговите агли не се остри, особено во споредба со моделот МП-443 и пиштолите „Макаров“ и „Стечкин“. Тоа значи дека со таков пиштол лесно би можело да се прави вежбовно гаѓање и без тактички ракавици.

Но, убедливо најдобрата карактеристика на моделот ПЛК во споредба со неговите претходници е мекиот и краток од на чкрапалото и лесното движење на навлаката на затворачот.

Овој модел има извонреден механизам за повлекување, имајќи предвид дека станува збор за воен пиштол кој чини 700 американски долари (таа потенцијална цена на стандардниот ПЛК на пазарот му беше спомната на дописникот на порталот Russia Beyond на воената изложба „Армија 2020“ во Подмосковје).

Цевката на пиштолот ПЛК е сместена сосем ниско, до дланката. Тој непријатен детаљ е позајмен од спортските пиштоли со цел да се намали трзајот. Од друга страна, пиштолот на тој начин се валка полесно.

Стандардниот ПЛ-15 е долг 120 мм, а должината на компактната верзија на ПЛК е 207 мм, и на него може да се постави придушувач.

Рамката собира 16 куршуми 9х19 Парабелум.

Во тек е финалното тестирање на ова оружје во армијата пред да биде пуштено во сериско производство. Веднаш штом ќе биде завршено и воениот врв даде зелено светло, концернот „Калашников“ започнува масовно производство на пиштолот ПЛК со потенцијален извоз на овој производ на светскиот пазар на воено и цивилно оружје.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња