Запорожец
„Запорожец“ е еден од најдискутабилните автомобили произведени во Советскиот Сојуз. Незграпен, бучен, тесен... но мошне добар за нерамен терен и лесен за поправка.
ЗАЗ е копија на италијанскиот „Фиат 500“, кола со погон на задните тркала, што е типично за возилата од 50-те и 60-те години.
Поради малиот багажник, работите се ставаа на покривот. А кога сме веќе кај товарот, „Запорожецот“ е вистинска мазга од автомобил.
Но, на прво место се секогаш маните: кога ќе стегне мразот, „Запорожецот“ тешко пали, а кога ќе дојдат летните горештини, лесно се прегрева.
Уште еден проблем е несигурниот систем за сопирање, што го прави многу опасен за возење.
Малиот и неудобен салон никогаш не беше особено популарен. Но, моделите за извоз„Јалта“ и Eliette се нешто сосем поинакво.
„Запорожецот“ го купуваа Југословените, Бугарите, Унгарците, Германците, Финците и Кубанците.
Имаше многу прекари: грбавиот, запóр (на руски запек), чебурашка или клемпавиот, кутија за сапун... Никита Хрушчов го викаше конзерва.
Но, без оглед на сите мани, „Запорожецот“ е еден од најпопуларните советски автомобили, затоа што беше евтин.
Место еден „Жигули“, можеше да се купат два „Запорошци“, или три по цена на една „Волга“.
Во 90-те години „Запорожецот“ беше речиси главниот предмет на исмевање. Руските вицеви обично почнуваа со зборовите: Трапав „Запорожец“ се заковал во „Мерцедес Бенц 600“...
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче