Компактен и сигурен: „Калашников“ планира да им понуди на странските партнери нов пиштол

Скриншот
Се работи за пиштол што се одликува со исклучително висок степен на ергономичност (стрелецот има чувство како оружјето да сраснало со раката). Утврдувачот на рамката се наоѓа на двете страни на пиштолот така што подеднакво ефикасно можат да го употребуваат и деснораки и левораки стрелци.

Групата компании „Калашников“ првпат ќе им ја претстави на странските партнери компактната верзија на пиштолот „Лебедев“ што ја носи ознаката ПЛК. Тој ќе биде претставен на штандот на оваа група која планира да учествува на саемот IDEX 2021 што од 21-25 февруари оваа година ќе се одржи во Абу Даби (ОАЕ).

„Еден од новитетите на ГК „Калашников“ ќе биде претставен на Меѓународниот саем на оружје IDEX 2021. Се работи за компактниот пиштол ПЛК кој користи муниција со калибар 9х19 мм. Овој модел успешно ја заврши програмата на државните тестирања во Руската Федерација каде ја покажа својата сигурност во тешки услови на експлоатација“, изјави генералниот директор на групата компании „Калашников“ Дмитри Тарасов.

Компактноста на оружјето совршено одговара на скриеното носење оружје. Тој е исклучително употреблив во полициските единици и за припадниците на специјалните служби. ПЛК е опремен со „Пикатини“ шина. Ова овозможува да се закачат на оружјето различни додатоци како, на пример, тактичка лампа која овозможува употреба на пиштолот и во услови на намалена оптичка видливост, ги пренесува зборовите на генералниот директор на ГК „Калашников“ рускиот медиски портал ТВ „Ѕвезда“.

Се работи за пиштол што се одликува со исклучително висок степен на ергономичност (стрелецот има чувство како оружјето да сраснало со раката). Утврдувачот на рамката се наоѓа на двете страни на пиштолот така што подеднакво ефикасно можат да го употребуваат и деснораки и левораки стрелци.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња