Квантен скок во развојот на стрелечкото оружје: Во САД го оценија новиот руски пиштол ПЛ-15

Сергеј Бобиљов/TASS
„Дали новиот руски пиштол ПЛ-15 претставува голем технички исчекор кога станува збор за развојот на стрелечкото оружје?“, се запрашаа познавачите на оваа материја кои пишуваат за американскиот Интернет-портал „Нешионал интерест“, и кусо одговорија „Да“.

Прогресот кој е видлив во однос на пиштолите од типот Макаров е повеќе од воочлив и може да се нарече „квантен напредок“, наведува рускиот Интернет-портал Взгљад.

Како што се наведува во текстот кој е објавен на овој сајт, историјата на новиот руски пиштол ПЛ-15 започна во 2014 година. Прво се појави моделот ПЛ-14, кој успеа да ги обедини најдобрите квалитети на руските и на странските пиштоли. Новиот пиштол користи автоматика на база на инерција на тресењето на затворачот, заедно со цевката со кус од. Исто така присутен е и механизам за пукање со двојна акција.

По првите тестирања се појавија неколку мали проблеми кога станува збор за механизмот за двојна акција. Доколку зборуваме за другите делови на пиштолот тие работеа беспрекорно. Специјалистите за оружје набргу ги отстранија утврдените недостатоци, така што пиштолот е во целост совршен.

„Во принцип, новите модели ПЛ-15 и ПЛ-15К претставуваат одлично оружје“, признава авторот на текстот.

Тој смета дека новиот пиштол ќе влезе во вооружувањето на воените специјални единици, при што ќе биде „истиснат“ австрискиот Глок. Руските специјалисти мошне темелно го тестираа новото оружје, особено кога станува збор за неговата функционалност и издржливост (најмалку 10.000 пукања) во најтешки услови за експлоатација. За намалување на неговата маса користена е рамка од легура на алуминиум. Интересно е да се истакне дека американскиот сајт овој пиштол го оцени како „лудо успешен“ производ на руската воена индустрија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња