Пробен пилот ги оцени шансите на рускиот Су-57 во двобој со американски F-35

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во хипотетички воздушен дуел меѓу ловецот од петтата генерација Су-57 и американскиот F-35, руски авион би победил. Вакво мислење изрази во интервју за агенцијата ТАСС заслужниот пробен пилот на Руската Федерација Магомед Толбојев, кој денес го слави својот 70 роденден.

Толбоев смета дека главната предност на авионот Су-57 е во високите маневарски можности, кои F-35 „ги нема“. Од друга страна, американскиот авион е во предности што се однесува до електронската опрема. Додуша, во случај на некоја катаклизма, на пример, на поголеми експлозии во сончевата атмосфера, таа електроника може да откаже и тогаш од неа нема да има никаква полза.  

„Су-57 едноставно ќе го уништи ако се судрат еден на еден“, рече Магомед Толбоев, истовремено нагласувајќи дека времето на воздушните дуели веќе припаѓа на минатото. „Сè зависи од тоа кој го покрива пилотот. Сега се води радиоелектронска војна. Тоа веќе не е  душек за борење, туку комплексен пристап кон решавање на тактички прашања.

Руската војска кон крајот на минатата година го доби првиот сериски примерок на авионот Су-57, а оваа година на Военото воздухопловство на РФ треба да му бидат испорачани барем уште четири такви летала.

Повеќенаменскиот ловец е наменет за уништување на сите видови цели во воздухот, на копно и на море. Авионот е направен според стелт технологија и е опремен со иновативен комплекс на радарска опрема.

Од друга страна, на почетокот на годината јавноста дозна дека Пентагон го одложува масовното производство на ловци од петтата генерација F-35 Lightning II, со тоа што не се наведува точната причина. Претставници на американскиот воен врв изнесоа само некои разводнети формулации, повикувајќи се на извесни технички проблеми и влијанието на КОВИД-19.