Рускиот ловец од петта генерација Су-57 можеме да го наречеме предатор кој отворено го бара и напаѓа својот плен, додека истовремено американскиот F-35 Lightning II го прави сето тоа вребајќи го од заседа, изјави за интернет-порталот Лента.ру воениот аналитичар Алексеј Леонков, споредувајќи ги овие два авиона. Експертот напоменува дека постисната моќ на еден мотор кој се наоѓа на ловецот F-35 Lightning II е „значително помала“ од потисната моќ на двата мотора кои се наоѓаат на руската 57-ка.
„Су-57 е агилен ловечко-пресретнувачки авион со високи маневарски способности, кој е наменет за остварување апсолутна воздушна превласт над одредена територија со помош на технологија која му ја намалува радарската видливост. Доколку овие два авиона би се сретнале во воздушна битка, извесно е дека Су-57 побрзо би го открил својот соперник и со самото тоа порано би го применил своето вооружување“, рече Леонков.
Во август претседателот на Обединетата авио-производствена корпорација (скр. ОАК) Јуриј Сљусар изјави дека рускиот Су-57 е неспоредливо поевтин од својот американски конкурент F-35 Lightning II. Неодамна овој податок го потврди и членот на експертскиот совет за воздухопловство на Државната Дума Владимир Гутенев, кој рече дека Су-57 чини 2,5 пати помалку од американските ловци од петта генерација F-22 Raptor и F-35 Lightning II.
Иако Су-57 го изврши својот прв лет во 2010 година, руското Министерство за одбрана засега не е заинтересирано за масовна набавка на овие апарати. Извесно е дека наскоро ќе набави само една ексадрила со 12 „невидливи“ ловци Су-57.
Од друга страна, Американците работат со полна пареа. Во јуни беше комплетиран 300 сериски примерок на ловецот F-35 Lightning II. Следните 300 авиони ќе бидат произведени до крајот на 2021 година (вкупно 600 летала). Само во 2017 година беа произведени 66 летала, додека оваа година беше остварен рекорд со 91 произведен апарат. Од 2023 година САД планираат да остварат темпо на производство од 160 авиони од овој тип на годишно ниво, пишува рускиот портал „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче