Американски експерт: Су-57 е во состојба да го изненади секој противник во воздушна борба

Александар Јарцев, ABiator (http://abiator.deviantart.com/)
Рускиот ловец од петта генерација Су-57 има многу важни предности над авионите на воздушните сили на другите држави: радари и оружје, силен одбранбен систем, целосно контролирани векторски потисок... сето тоа придонесува новиот руски авион да стане многу ценето оружје, смета американски експерт.

„Поради својата „паметна“ конструкција новиот руски ловец на радарите може да изгледа како неважен објект и никој нема да го земе на нишан. Таа тактика е особено ефикасна ако радарот е над авионот. Ловецот тогаш ги има сите можности да се изгуби во површината што ја надлетува“, смета  Тејлор Рогвеј, автор на веб-сајтот The Drive.

Радарите на Су-57 работат не само на откривање на непријателот, туку и го штитат од ракети, додава тој. Особено Рогвеј се задржува на оптичко-електронската станица на рускиот авион и вели дека доколку тој систем работи онака како што се зборува, тоа ќе го заштити авионот од современите наведувани ракети. Благодарение на најновиот радар Н036 „Белка“, Су-57 е способен да открие авиони кои имаат „стелт“ карактеристики. Покрај тоа, пилотот во своето летало располага и со напреден систем на инфрацрвена детекција на целта и нејзино следење. 

Накратко, Су-57 е одличен современ ловец. Незабележлив, одлично маневрира, са најсовремени радари, овој ловец може да изненади секаков противник во воздушна борба, пишува американскиот експерт.

Су-57 може да извршува задачи за кои претходно беа потребни три ловци. Во прашање е голем исчекор во развојот на руската авиоиндустрија, чии стручњаци покажаа дека можат да создадат високоинтелигентни напредни системи, како што се, на пример, иновативната дигитална опрема или новиот мотор.

Авионот може да носи десет ракети наменети за воздушен бој и десет за напади врз цели на копно. Девет ракета се од нова генерација. Су-57 е опремен со авионски топови калибар 30 мм.

Су-57 има суштински нов систем на длабоко интегрирана авионика со висок степен на автоматизација на управувањето и паметна поддршка на екипажот, што му овозможува на пилотот да се концентрира на исполнување на тактичките задачи.

Погледнете ги сите тајни на ловецот од петта генерација Су-57

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња