„Национален Интерес“ им напоменува на читателите дека ескадрила МиГ-31 со ракети „Кинжал“ веќе се наоѓа на борбено дежурство на југот на Русија, а во планот на Министерството за одбрана на РФ е опремување на овие пресретнување и со противсателитско вооружување. „Изборот во корист на МиГ-овите е очигледен, за нив летовите во блиската вселена, од каде Земјата попримува заоблени контури, а небото повеќе не е сино, туку црно, се сосем обично нешто“.
Авторот на текстот е посебно импресиониран од неодамна објавените снимки од вежбите за пресретнување на нарушителите на државната граница. Два МиГ-31БМ полетаа кога е примен соодветен сигнал од силите на ПВО, целта беше откриена и успешно погодена на оддалеченост од 150 километри. Тоа е стандарден маневар за вежби со ловци, со исклучок на еден важен детаљ, а тоа е дека вежбите се одвиваа во стратосферата, а МиГ31-БМ леташе со суперсонична брзина, се наведува во текстот.
„Но, најважното допрва претстои. Врз основа на овој извонреден пресретнувач се развива МиГ-41 кој треба да го надмине својот претходник како по брзина, така и по висина на летот“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче