Суперсоничен ловец-пресретнувач МиГ-31
www.migavia.ruВидеоснимка од слетувањето на оштетен ловец-пресретнувач МиГ-31 на пермскиот аеродром „Велико Савино“ е објавена на социјалните мрежи.
Посадка МиГ-31, у которого произошло разрушение колеса одной из стоек шасси.
— Грета Коронатуборг (@qretaxyeta) August 11, 2020
Всё в порядке, экипаж и борт целы. pic.twitter.com/NbQeaRaBAs
На авионот му откажало задното тркало. На снимката се гледа дека поради триењето веќе избил пламен, но сé помина добро, никој од членовите на екипажот не е повреден.
Како што објаснија од информативната служба на Централниот воен округ, екипажот дејствувал професионално, така што е сочуван авионот и се избегнати човечки жртви.
Треба да се истакне дека тој ден младите пилоти на пермскиот ловечки авијациски полк на Централниот воен округ првпат летаа со авион МиГ-31 на максимални висини и брзини во поблиските слоеви на стратосферата. Непланирано и хаваријата стана дел од воената вежба, но пилотите се покажаа добро во оваа вонредна ситуација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче