Му нема рамен: Главниот конструктор раскажа кои се предностите на новиот мотор на Су-57

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Првите примероци на рускиот ловец од петтата генерација се опремени со мотор АЛ-41Ф1 (производ 117) - модернизирана верзија на моторот на Су-35С.

Евгениј Марчуков, генерален конструктор и директор на конструкторското биро „А. Љулка“, филијала на ОДК-УМПО, раскажа за ТВ „Ѕвезда“ кои се предностите на моторот од „втората етапа“ на Су-57.  

Според главниот конструктор, новото „срце“ на Су-57 нема ништо заедничко со својот претходник. „Создаден е специјално за овој ловец и дури е и малку понапреден од петтата генерација. Би било поправилно да го опишеме како претставник на генерацијата 5+. Неговите основни предности се специфичниот потисок, специфичната потрошувачка и специфичната тежина“, пишува „Росијскаја газета“.

„Ниеден друг мотор во светот не произведува толку специфичен потисок“, вели Евгениј Марчуков. Тој додава дека нема смисла да се создава мотор со поскромни карактеристики, бидејќи неговиот животен век е од 30 до 50 години.

Погледнете го видеото: Склопување на првиот сериски авион Су-57