Миникопии на авионот Су-57

Министерството за одбрана на Русија
Овие „птички“ со конструкција „летачко крило“ од петтата генерација се речиси непобедливи во воздухот.

Рускиот ловечки авион од петтата генерација Су-57 (тука можете да дознаете сè за овој најмодерен авион) содржи низа технологии по кои се вбројува меѓу најдобрите ловци на светот како што се американскиот F-22 Raptor или кинескиот Chengdu J-20.

Тука ќе стане збор за „изгледот“ на авионот Су-57 што го прави невидлив за сите современи радари, а исто така и за неговите „помлади браќа“, односно дроновите што ја содржат истата технологија како и Су-57.

Конструкцијата „летачко крило“

Првиот заеднички лет на тешкиот борбен дрон Сухој С-70 „Охотник“ и ловечкиот авион Су-57. Во рамките на тестирањата „Охотник“ успешно изведе лет без пилот во зона на воздушна опасност. Русија, 27 септември 2019 година

Еден од најголемите предизвици за време на конструирање на ловците од петтата генерација, генерално беше трагањето по соодветен начин за нивно маскирање и криење од современите системи за ПВО.

За да се постигне тоа на авионот Су-57, инженерите мораа да го преместат комплетното вооружување (водените и неводените ракети, а исто така и бомбите) во внатрешноста на авионот, и во таа конструкција да користат најнови и најскапи композитни материјали.

Овие задачи се исклучително тешки поради оптоварувањето на кое е изложен ловечкиот авион кој лета со максимална брзина и маневрирањето кое мора да го врши за време на воздушната борба.

Сепак, руските инженери ја постигнаа поставената цел и подоцна оваа технологија ја прилагодија на дроновите, „помладите браќа“ на авионот Су-57.

Беспилотно летало „Охотник“ („Ловец“)

Овој дрон е тежок 20 тони, развива надзвучна брзина (1.000 километри на час) и е едно од првите летала со компјутер кој работи наместо оператор, со исклучок на одлуката за примена на оружје.

„Охотник“ ги презеде поголемиот број од технологиите на авионот Су-57, како и неговата муниција, иако може да носи и помало вооружување.

Кога станува збор за арсеналот, дронот користи гравитациски бомби, како и „паметни“ бомби и ракети „воздух-земја“. Сето тоа е скриено во трупот на леталото за дронот да може да биде невидлив за непријателските радари.

Меѓу другото, тој носи фугасно-распрснувачка запалива авионска бомба ОФЗАБ-500 и термобарична авионска бомба ОДАБ-500ПМВ. Обете се користени во текот на воената кампања во Сирија.

„Охотник“ се тестира од почетокот на 2020 година, а во арсеналот на руската армија ќе се појави за неколку години.

Овој дрон спаѓа во класата „тешки“ беспилотни летала. Руската армија има и лесен дрон кој се вика „Елерон“.

Елерон

Беспилотното летало „Елерон“ на теренски натпревар на единиците за радиоелектронска борба „Електронска граница“ на Кадамовскиот полигон во Ростовската област.

Ова е едно од најмалите беспилотни летала што го користи руската армија.

Тешко е само 3.400 грама, а распонот на крилата изнесува 1.5 метри. Со помош на група електрични пропелери може да развие брзина од над 100 километри на час и да лета 75 минути. Секој ваков дрон може да функционира кога е оддалечен 50 километри од операторот (и притоа да пренесува видеосигнал).

„Елерон“ не е конструиран да носи оружје и муниција, ами да врши набљудување од воздух во урбани зони и зони кои се зафатени со војна на дневна светлина и во темнина.

Денес руската армија и полицијата ги користат сите варијации на дронови од семејството „Елерон“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња