Рускиот ловец Су-57 веројатно ќе добие електрични мотори

Сергеј Бобилев/TASS
Планирано е хидрауличниот погон на авионот да се замени со електромеханички, што ќе ја намали забележливоста на ловецот и ќе го поедностави неговото одржување. Првиот лет на унапредениот авион е планиран за 2022 година.

Постои можност рускиот перспективен ловец Су-57 да добие електрични мотори, објави весникот „Известија“, повикувајќи се на извор во воената индустрија на Русија.

Според пишувањето на весникот, планирано е хидрауличниот погон на авионот да се замени со електромеханички, што ќе ја намали забележливоста на ловецот и ќе го поедностави неговото одржување. Првиот лет на унапредениот авион е планиран за 2022 година.

„Кај некои современи авиони притисокот во хидрауличниот систем надминува 300 атмосфери. Затоа оштетувањата на цевките доведуваат до тоа целата течност да се излее за неколку секунди, па хидрауличниот мотор престанува со работа. За жал, и јас сум бил во таква ситуација“, го коментира рускиот пробен пилот Олег Мутовин овој проект.

До 2028 година Воздушно-космичките сили на Русија треба да добијат 76 авиони Су-57. До денес се произведени 13 пробни примероци од кои десет модели се наменети за летечки тестирања, а три за копнени статички испитувања.

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња