На снимките се гледа како пилотите увежбуваат поединечно и групно пилотирање, летање на мали и исклучително мали висини, како и употреба на воздухопловно оружје. Во завршницата се изведени елементи на блиска воздушна борба.
Су-57 е руски ловец од петтата генерација наменет за уништување на сите видови цели во воздух, на копно и вода. Првпат полета 2010 година. Комбинацијата од висока маневарбилност и можности за суперсоничен лет, како и модерниот систем на опрема и „невидливост“ му обезбедија предност во однос на конкуренцијата.
На форумот „Армија-2019“ беше потпишан договор за испорака на 76 ловци Су-57 на Воздушно-космичките сили на Русија. Во овој момент продолжуваат тестирањата на авионот, се проверува функционирањето на неговите системи, како и режимите на работа на моторите од втората фаза.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче