Западни медиуми: Неверојатно! Руски пилот лета во Су-57 без капак на кабината! (ВИДЕО)

Западните медиуми ја коментираат снимката на Министерството за одбрана на Русија во која пилот лета во најновиот руски „невидлив“ ловец од петтата генерација Су-57 без капакот (проѕирниот дел на пилотската кабина кој го штити пилотот од дејството на воздушната струја). Снимката истовремено предизвика чудење и воодушевување.

Видеоснимката е објавена по повод одбележувањето на 100-годишнината на Државниот центар за испитувања на летови на Министерството за одбрана на Русија „Чкалов“. Според податоците на воениот ресор, летот на најновиот ловец е реализиран во градот Ахтубинск во Астрахањската област, каде што се наоѓа „Чкалов“.

„На неверојатната снимка на руското Министерство за одбрана се гледа како пилотот лета во најнов руски ловец Су-57 без капакот на кабината. Куполата од полиметил метакрилат која ги покрива горниот дел и бочните страни на кабината спречува пилотот да не умре од смрзнување. Тој е веројатно отстранет во рамките на проверката на процедурите во случај на дефект, во случај авионот да откаже пред катапултирање“, пишува британски „Дејли Меил“, додавајќи дека брзината на летањето без капак е 2000 километри на час.

Весникот објаснува дека „најновиот воен авион е направен за современата хиперсонична ракета „Кинжал“, чија брзина десетпати ја надминува брзината на звукот“.

Американското списание Popular Mechanics исто така укажува на тоа дека пилотот на Су-57 успешно управува со ловецот без капакот на кабината, кој го штити екипажот од струењето на воздухот, временските услови и вревата. Воен аналитичар истакнува дека вреди да се погледне видеоснимката. Тој претпоставува дека таа можеби покажува дека во случај на вонредна ситуација губењето на капакот на кабината нема да влијае врз управувањето со авионот.

„Изгледа дека пилотот носи многу тешка јакна или скафандер како средство за заштита“, смета експертот.

Друго американско списание, Military Watch, истакнува дека суперсовремениот ловец од петтата генерација Су-57 има радари и системи за ласерска заштита и дека е во состојба да им се спротивстави на елитните единици на воздухопловните сили на непријателот благодарение на најновите ракети од класата „воздух-воздух“ К-77 и Р-37М. Првата меѓу нив има дострел од 195 километри и специјален систем за наведување, така што дури и за ловците со високи маневарски способности на големи растојанија претставува предизвик да ја избегнат. Втората ракета има дострел од 400 километри и може да гаѓа цели со хиперсонична брзина.

„Русија постигна значителен успех во креирањето компактни ракети со голем дострел“, истакнуваат авторите на статијата.

Тие исто така укажуваат на тоа дека ваквата модернизација ќе му овозможи на Су-57 да носи поголем број ракети. Ловецот ќе биде опремен со ракети „воздух-земја“ и протиподморнички ракети за да се зголемат неговите борбени можности. Се работи за хиперсоничната балистичка ракета „Кинжал“. Освен тоа, одделот за бомби на авионот е поголем и подлабок кај странските авиони од истата класа, што ќе му овозможи да носи балистички ракети, пишува американското списание.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња