Склопување на првиот сериски авион Су-57 (ВИДЕО)

Виталиј В. Кузмин
На интернет се појави видеоснимка од склопувањето на првиот сериски повеќенаменски ловец од петтата генерација Су-57 во Комсомолск на Амур.

Авионот-ловец стои на монтажната лента, од која од фабриката излегува готово летало. Во фабриката пристигнува „голиот“ труп на кој потоа се монтираат надворешните површини, стабилизаторите, електронската опрема, радарите и моторот. Целосно склопената машина треба да излезе од фабриката за девет дена, по што се праќа во станицата за тестирање на летот, соопшти телевизијата „Ѕвезда“ при објавувањето на видеоснимката.

Се очекува првиот сериски Су-57 да им биде испорачан на Воздушно-космичките сили на Русија кон крајот на 2019 година.

Покрај тоа, можно е во иднина овој модел да биде усовршен до нивото на генерацијата 5++.

Погледнете го видеото: Сите тајни на ловецот од петта генерација Су-57

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња