Борбената способност на Русија на највисоко ниво од крајот на Студената војна

Reuters

Руските вооружени сили во моментов се наоѓаат на највисокото ниво на борбена способност од времето на Студената војна, заклучуваат авторите на извештајот „Модернизацијата на руските вооружени сили: оцена“, достапен на сајтот на Меѓународниот институт за стратешки истражувања (IISS).

Во документот се наведува дека за деценија вложувања и реформи руската војска станала попрофесионална и подобро технички опремена отколку претходно. „Денес руските вооружени сили станаа ефикасен воен инструмент, а Москва покажа подготвеност да ги користи или да користи закана со нивна примена“, тврдат авторите.

Според нивните податоци, Русија ја започнала модернизацијата на армијата откако нејзините вооружени сили се покажале слабо ефикасни во грузиско-осетинскиот конфликт 2008 година. Истражувачите го истакнуваат особениот успех во модернизацијата на нуклеарниот потенцијал и воздушно-космичките сили, како и послабиот и нерамномерен напредок во борбената способност на копнените сили и модернизацијата на бродскиот состав на руската морнарица.

На почетокот на 2020 година потпретседателот на руската влада Јуриј Борисов изјави дека Русија успева да го задржи високото ниво на борбена способност и покрај тоа што воениот буџет на земјата е неколку пати помал од буџетот на американската војска или НАТО. Според него, Москва го зазема шестото место на светот по вкупниот износ на средства вложени во вооружување. Во 2018 година трошоците за војската на Русија изнесуваа 61,4 милијарди долари.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња