„Шмељ“ со термобарички ракети: Снимки од боеви гаѓања од ракетни фрлачи кај Оренбург

Скриншот / ТВ „Ѕвезда“
Ракетнофрлачките единици на 2 гардиска армија на Централниот воен округ изведоа борба на мало растојание против симулиран непријател.

На Тоцкиот полигон во Оренбуршката област на Русија се одржаа боеви гаѓања од ракетни фрлачи со термобарички ракети.

Според сценариото на вежбата, ракетнофрлачките единици на 2 гардиска армија на Централниот воен округ изведоа борба на мало растојание против симулиран непријател, кој се сместил на утврдени огнени позиции.

Гаѓањата се реализирани од ракетни фрлачи „Шмељ“ со термобарички ракети врз цели оддалечени до 400 метри. Припадниците на војската пристапија кон извршување на задачите по засилениот марш долг 5 километри.

Овие гаѓања беа завршна етапа на обуката на припадниците на ракетнофрлачките единици. Претходно овие единици поминаа долга обука на симулатори. Дури по одличното исполнување на вежбите од наставно оружје на војниците им беше дозволено да учествуваат во боеви гаѓања.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња