Во Далекоисточната висока командна школа почнаа подготовките на екипите за Армиските меѓународни игри 2020, пренесува телевизиjата „Ѕвезда”. Методите кои во своите тренинзи ги користат механизираните единици се специфични. Инструкторите ги смислија по деталната анализа на сите успешни настапи на кадетите на руските и меѓународните натпревари.
Меѓу задачите на екипите во рамките на тренингот спаѓа, меѓу другото, уништување оклопна техника на симулираниот непријател на растојание од 1600, 1700 и 1800 метри. Притоа тенкот мора да се наоѓа во непрекинато движење, инаку дури и погодокот ќе биде забележан како промашување.
За тренинзите се користи единствена база, една од најдобрите во Вооружените сили на Русија. Тоа се специјални полигони за обука на снајперисти, извидници, алпинисти, припадници на механизираните единици и тенкисти.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче